Детски песни

ТАКА УМЕАТ САМО ДЕЦАТА

Децата најубаво умеат

да си ги поделат

игрите,

плачките

и закачките

и тука нема што да се крие –

тоа го умеат само тие!

 

Децата најубаво умеат

да мислат како возрасните

но само за лебот,

за водата

и слободата

и тука нема што да се крие –

така умеат само тие!

 

Децата најубаво умеат

да воведат

ред и почитување

но ако им биде даден

светот на управување!

 

Саво Костадиновски (Германија)

Избор: Дора Ангелова

ФУДБАЛЕР

Фудбалер сум вреден,

никому не се давам.

Голови еден по еден

на сите им ставам.

 

Штом ми земат топка

се борам до крај,

ќе им ставам сопка

тоа секој да го знај.

 

Со оваа топка шарена,

јас играм почесто,

од татко ми подарена,

играм на секое место.

 

Алексо Лозановски (Канада)

Избор: Дора Ангелова

О ЗЕМЈО МИЛА

Ој земјо далечна и мила

Велат дека многу убава си била

Велат дека во тебе секоја птица гнездо би

свила.

 

Татко ми вели таму се родил

Од роден крај нема помил.

За роден крај секогаш желба го фаќа

Кога ќе појде таму не сака назад да се враќа

Секој ден пораки праќа

До другари, сестри и браќа.

 

Мајка ми ме учи да зборувам на Македонски

Да пишувам печатни и ракописни букви

Вели дека тоа мора да се знае

Тоа е големо богатство и ќе ми се најде.

Баба и дедо ми кажуваат приказни стари

Ех колку ли работи само морам да учам!

За таа земја далечна и мила.

 

Гордана Димовска (Австралија)

Избор: Дора Ангелова