Македонецот Миле Спировски, пратеник во српското Собрание

Демократската партија на Македонците во Србија во коалицијата ,,Покренимо Србију“ со партијата на Томислав Николиќ ,,Српска напредна странка“ си обезбеди место во српското Собрание на изборите во 2012. Имено, правата на македонците во Србија ги брани македонецот Миле Спировски кој е роден 1956 година, а живее во Панчево, Јабука, Република Србија.