Компанијата Lambes Blomservice од 1974 година егзистира во Кралството Шведска. Нејзините почетоци се поврзани со името на Македонецот Ламбе Егуменовски.

Искрен, чесен и трудољубив успеал далеку од родниот крај. Ја основал и постепено ја развивал фирмата, проширувајќи ја од година во година.

Денес, оваа компанија егзистира како семееен бизнис и нејзин управител е госпоѓа Славица Егуменовска. На простор од 2. 000 метри квадратни изградена е една од најмодерните продажни хали за цвеќе на просторите на цела Европа. Тука се врши откупување на готови и полуготови производи од различни фирми од странство, нивна обработка, а потоа дистрибуција и пласман на цвеќето низ Шведска. Увозот на цвеќиња е од Кенија, Зимбабве, Еквадор, Италија, Шпанија, но најмногу од Холандија.

Госпоѓата Славица Егуменовска, како искусен менаџер ги следи и применува новите предизвици на големата конкурентност во бизнисот во Шведска и секаде во светот. Таа особено го истакнува нејзиното истражување на психологијата на луѓето, зошто и колку го купуваат цвеѓето, како елемент од нивниот секојдневен живот, како во работата, така и во нивните домови.

Бројни хуманитарни акции се одлика на семејството Егуменовски. Секогаш свртена кон Македонија и македонскиот народ, г-ѓа Егуменовска со голема поддршка од нејзините деца Вили и Маријана, донира во изградбата на христијански верски објекти како оние во село Смилево, така и со најновото годишно донаторство за изградба на христијански храм во Малме.

Превземено од „Марили“
Подготвила: Д. Ангелова