Согласно надлежноста на Агенцијата за иселеништво за помагањето на културниот развој на иселениците од Македонија, Агенцијата за иселеништво преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата, доделува награда за поетите иселеници од Македонија.

За таа цел Ве замолуваме да ги известите членовите на Вашата организација кои се занимаваат со пишување поезија и кои имаат издадено книга, да се пријават во Агенцијата за иселеништво.

Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири на Струшките вечери на поезијата, а наградата за поетите иселеници од Македонија ќе ја додели Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Поетите можат да конкурираат и со постари дела.

Заинтересираните поети, иселеници од Македонија, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до крајот на месец јуни