РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 
АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

 

СТРАТЕШКИ  ПЛАН НА АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО 2018-2021 


Скопје,  2018

 

 

1.1.       ВОВЕД

 

Стратешкиот план на Агенцијата за иселеништво е среднорочен план на активности за периодот 2019-2021 година, кои претставуваат основа за дефинирање и реализација на општите и конкретни цели  на Агенцијата, во  согласност со Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија во 2018 година, (Сл.весник на РМ бр. 84 од 9.5.2018)

 

Во согласност со интегралниот систем на планирање и буџетирање, овој Стратешки план е придружен документ на буџетската пресметка на Агенцијата за иселеништво за 2018 година, во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите од 28.12.2012 год.

Во Стратешкиот план за 2019-2021 година на Агенцијата за иселеништво се содржани целите и задачите на организациските единици и на Агенцијата во целина, активностите за остварување на тие цели, како и ефектите и резултатите на истите.

Преку реализирање на активностите од Стратешкиот план, Агенцијата  за иселеништво треба да одговори на обврските што произлегуваат од нејзините надлежности утврдени со Законот за организација и работа на органите на државната управа, Програмата на Владата на Република Македонија и Заклучоците на Владата на Република Македонија.

 

1.2.       МИСИЈА

 

Агенцијата за иселеништво е орган на државната управа, чија основна цел е поттикнување, помагање и одржување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија, преку негување на македонскиот јазик и култура на иселениците во средините каде живеат, како  интеграција во општествениот живот на Република Македонија преку нивно вклучување во јавниот и економскиот живот.

 

1.3.       ВИЗИЈА

 

Зачуван национален идентитет и интегрираност на иселениците од Македонија во општествениот живот, економскиот и културен живот во Република Македонија и продлабочување на комуникацијата на иселениците со матичната земја.

 

1.4      ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ

 

Задачите и обврските на Агенцијата за иселеништво се утврдени во Законот за организација и работа на органите на државната управа и тие се во функција на:

– унапредување на положбата и правата на иселениците од Македонија;

-поттикнување на културниот развој на иселениците,

-информирање на иселениците со состојбата во Република Македонија и унапредување на врските со нив и нивните организации,

-создавање услови за реинтеграција на иселениците и нивно вклучување во јавниот и економскиот живот во Република Макједонија,

-остварување контакти во земјата со припадници на македонските иселеници преку одржување на системска мрежа со единиците на централната власт, локалните власти и заедницата на единиците на локалната самоуправа и давање стручно техничка помош на иселениците во процесот на инвестирање во  Република Македонија.

 

 

1.5.     СПЕЦИФИЧНОСТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

 

Агенцијата за иселеништво е самостоен орган на државната управа кој има  исклучива законска надлежност – грижа за положбата, правата и интересите на  иселениците од Македонија, без разлика дали се или не  државјани на Република Македонија и  на нивната етничка припадност.

 

 

1.6      СТРУКТУРА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

 

Со Правилникот за систематизација на работните места се утврдува вкупниот број на државни службеници, како и работници кои немаат статус на државен службеник, распоредот и описот на работните места по организационите единици потребни за вршење на работите од надлежност на Агенцијата за иселеништво.

Со Агенцијата за иселеништво раководи Директор и заменик на Директорот кои се избрани и именувани функционери на Владата на Република Македонија.

 

Организациски единици во Агенцијата за иселеништво се:

 

1- Сектор за правни, економски работи и реинтеграција на иселениците од Македонија,

1.1-Одделение за правни работи

1.2-Одделение за економски работи и реинтеграција на иселеници од Македонија

2- Сектор за оддржување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој  на иселениците

2.1-Одделение за комуникација и  информирање

2.2.-Одделение за културен развој на иселеништвото

 

Како посебни одделенија се:

  1. Одделение за финансиски прашања и
  2. Одделение за ревизија.

 

1.7.     ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

 

Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија

Од програмата  Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија со цел поттикнување и помагање за одржување на националниот, културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците од Македонија пред се за најмладата генерација на иселеници од Македонија во 2018 година предвидени се следните проектни активности:

Организирање на Летна Школа по македонски јазик,  Албански јазик,  организирање  и  на други јазици наменета за децата на иселениците од Македонија;

Во рамки на Струшки вечери на поезија ќе биде доделена наградата  Стојан Христов, за  најдобра книга на поет иселеник од Македонија;

Организирање на ликовна колонија на уметници иселеници од Македонија и изработка на каталог во кои ќе бидат претставени и изработени  делата.

Со цел поттикнување на творештвото кај иселениците и збогатување на библиотеките во иселеничките организации предвидено е печатење на книги и учебни помагала од автори иселеници од Македонија

Дизајнирање на сликовница за деца од предучилишна возраст;

Организирање на културни настани на културно-уметничко друштво од   иселеништвото во Република Македонија;

Мапирање на дијаспората

Со цел да се добијат пореални информации  Агенцијата за иселеништво  во соработка со други државни органи  во текот на 2018 година ќе се врши континуирано прибирање на податоци од иселеничките организации, црковни општини и поединци. Со директни посети на иселеничките организации во Австралија, Америка, Канада Европа ќе се врши прибирање на информации за нивни бизниси и за можноста за инвестирање во матичната земја кои ќе бидат лесно достапни до иселениците,со користење на сите современи средства за комуникација.

Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија

Со цел интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија, унапредување на врските со иселеничките организации и вклучување на иселениците во јавниот,  економскиот и културниот  живот во државата предвидени се директни контакти и посети на за значајни настани во Америка,  Австралија и Канада, Европа, Шведска, Италија,Германија.

Посета на повратници бизнисмени, инвеститори во Република Македонија;

Посета на Заедниците на локалната самоуправа  и создавање на база на податоци за можноста за инвестирање во поатрактивните   општини  и презентирање на содржините на бизнис форум со цел инвестирање на иселениците во матичната земја.

 

Организирање на Бизнис форум со цел интензивирање на процесот на инвестиционите вложувања во земјата

Организирање и помагање на иселенички средби, во сГрнчари, сЉубојно, Полошко тетовски иселенички среди, Винички, Трново, сМокриево- Струмица.

Креирање, изработка и промоција на прирачници, брошури и друг информативен материјал кој ќе има значење за потребите на иселеничките организации, информирање на иселениците и вклучување во општествениот живот во Република Македонија.

Брендирање на Агенцијата за иселеништво-кампања за запознавање на иселениците за постоењето , дејноста и активностите на Агенцијата во земјата и средините каде живеат иселениците, медија закуп за запознавање со активностите на Агенцијата, годишна креативна подршка од маркетинг агенција, креирање на интернет страна, годишен закуп на домеим за интеренет страна, маркетинг за социјални медиуми.

 

1.9.         ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА  2017 ГОДИНА

 

Во текот на 2017 година Агенцијата за иселеништво со помош на електронската технологија и секојдневни остварени средби со иселеници и претставници на иселенички организации работеше на реализирање на активностите кои беа утврдени во Стратешкиот план. Се надополнуваа базите на податоци за училиштата кои изведуваат дополнителна настава по македонски јазик како и по албански јазик во земјите  каде што живеат иселениците, собрани се информации за нивниот библиотечен фонд на книги, како и за нивните потреби од учебници и други помагала, утврдување на бројот на учители, потенцијални ученици, контакт-адреси, начинот на финансирање, активности за прибирање на информации за наставници на албански јазик за иселеници-Албанци од Македонија.

Од програмата   –Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија реализирани се следните активности:

Од 22-28 јули 2017 во Охрид се одржа ,,Летна Школа по македонски јазик,, наменета за изучување на македонскиот јазик за младата генерација иселеници од Македонија преку која интересот за учење на мајчиниот јазик е зголемен за разлика од претходната година.

Се вршеше припрема, техничка обработка и се печатеа книги од 6 автори иселеници што претставува мотивација за творење на мајчин јазик и чување на националниот идентитет.

Преку испраќање на книги до иселеници од македонија и промотивен материјал, се збогатија библиотеките со литература на мајчин јазик со што истата е достапна и на идните генерации.

На 25 август 2017 г во Струга беше доделена нагрдата наградата ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. Ова е голем мотив да се твори на мајчин јазик во иселеништвото и истиот да се пренесе на идните генерации.

Реиздавање на  учебно помагало за македонски јазик прва фаза и помагало втора фаза за македонската литература и граматика кое ќе послужи за полесно изучување на македонскиот јазик и граматика за најмладата генерација иселеници од Македонија, со што се унапреди комуникацијата со наставниците во дијаспората и се поддржа наставата по мајчин јазик.

Од 15-18 септември се реализираше Турнејата на Етно составот од Хрватска  „Езерки 7/8“ . Подршката од Агенцијата за иселеништво беше логистичка, со цел да се промовират активностите на иселеничките организации во насока на чување и негување на македонската култура и традиција.

 

 

Мапирање на дијаспората Во  2017 година во согласност со проектот  Мапирање на дијаспората реализирани и се, но и понатаму се во тек активности околу

Прибранње и евидентирање на нови контакт – адреси на иселенички организации и евидентирани промени на контакт адреси на иселенички организации чииј број достигна до 750.

Прибрање и евидентирање електронска пошта на иселеници поединци од Македонија и иселенички организации, со цел побргу информирање за секојдневниот живот во Република Македонија и активностите на Агенцијата за иселеништво.

 

 

 

Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на РепубликаМакедонија

Во текот на првата половина од 2017 година ококлу педесет  иселеници од Македонија се обратија до Агенцијата за иселеништво за консултација и запознавање со  начинот и можностите за стекнување со македонско државјанство.

Се остварија контакти со локалните самоуправи за соработка околу потребите на дијаспората

 

1.10  ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА  2018  ГОДИНА

 

Од програмата   –Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија реализирани се следните активности:

Се изготви сликовницата наменета за учење на македонски и албански јазик „Учиме азбука„ која предизвика голем интерес кај најмладите за учење на мајчиниот јазик

Од 26 јули – 1 август 2018 во Охрид се одржа ,,Летна Школа по мајчин јазик,, наменета за изучување на мајчиниот јазик за младата генерација иселеници од Македонија на која 44 ученика ги направија првите чекори во учењето на мајчиниот јазик а и понатаму ќе продолжат да ја посетуват дополнителната настава во странство.

На 23 август 2018 г во Струга беше доделена наградата ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестацијата Струшки вечери на поезијата. На конкурсот за добитници на наградата земаа учество 10 автори, оваа бројка е во постојан пораст и покажува за зголемен интерес за соработка со матичната држава и учество на конкурси распишани од истата.

 

Мапирање на дијаспората Во  2018 година во согласност со програмата  Мапирање на дијаспората реализирани и се:

Прибрање и евидентирање на нови контакт – адреси на иселенички организации и евидентирани промени на контакт адреси на иселенички организации, со што се зајакна комуникацијата со дијаспората.

Прибрање и евидентирање електронска пошта на иселеници поединци од Македонија и иселенички организации со што Агенцијата директно коминицира за потребите на иселениците.

Посета на иселенички организации во Италија во Октомври 2017 на покана на градот Пиеве ди Солиго, Провинција Тревизо, со што се потврди учеството и интегрираноста на македоските иселеници во државите и општествата каде живеат и работат.

Реализирана турнеја со цел посета на иселенички организации од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, во периодот од 1-12 Март 2018, со што се мапираа иселеничките организации и директно од терен директорот се запозна со нивните активности, проблеми и потреби.

Реализирана посета на албански иселенички организции по повод денот на знамето  и азбуката на албанската етничка заедница во Мелбурн, Австралија во ноември 2017, каде заменикот директор ја унапреди комуникацијата со иселениците по потекло од Македонија иселени во Австралија.

Посета на иселенички организации од Шведска и Данска по повод одржувањето на годишното собрание на Сојузот на македонците во Шведска, во Гетеборг во месец април 2018 г, со цел директно вклучување на директорот на Агенцијата за иселеништво во активностите на иселеничките организации и унапредена соработка помеѓу Агенцијата и иселеничките организации.

 

Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија

Се подготви Прирачникот за правна поддршка на иселениците на македонски и албански јазик, како правна поддршка на иселениците од Македонија за која интересот е многу голем.

Се изготви нова веб страна за потребите на иселениците и иселеничките организации потребна за секојдневно информирање на иселениците од Македонија за активностите на Агенцијата за иселеништво и за општествениот живот во Република Македонија.

Се подржаа иселеничките средби во Љубојно на 1 август 2018  и Грнчари на 19 јули 2018 г. со цел унапредување на соработката и културниот развој на иселениците од Македонија.

 

Никола Шалваринов
Директор