Програмата за работа на Агенцијата за иселеништво за 2021

 

Приоритетите и целите на Агенцијата за иселеништво се насочени кон една единствена Програма „Унапредување на врските со иселеништвото“ реализирана преку   3 потпрограми:

  1. Културен развој
  2. Права и положба
  3. Интегрирање на иселениците

 

 Културен развој на иселениците

  1. Летна Школа по мајчин јазик во Охрид
  2. Виртуелна настава по мајчин јазик во текот на цела учебна година, со цел поттикнување за учење на мајчиниот јазик преку далечина, наменета за децата на иселениците
  3. Виртуелна обука на наставниците од дијаспората
  4. Доделување награда ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестација Струшки вечери на поезијата
  5. Печатење на книга од иселеник или иселеничка организација, избрана со Јавен повик,
  6. Камп за спрт и млади во Струга
  7. Туторијал за чекори на народни танци и ора

  Права и положба

  1.  Поддршка на активности  во средините каде што живеат иселениците (изложби, концерти, литературни настапи и иселенички средби)
  2. Поддршка на иселенички настани од различен карактер во државата
  3. Годишна виртуелна конференција по избрана тема

 

Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Северна Македонија

 

  1. Истражување на економските потенцијали за инвестирање по општини- на терен и преку on line состаноци
  2. Печатење на брошура “Успешни бизниси во Македонија од повратници“
  3. Изготвување на прирачник со информации за е-царина и царинските постапки за увоз/извоз за бизнис заедницата.

 

      

-Програмата  Унапредување на врските со иселеништвото  произлегува од

1.Стратешкиот приоритет  на Владата на Република Северна Македонија  содржани  во Одлуката за стратешки приоритети за 2021 година (Сл.весник на РСМ бр. 243 од 9.10.2020)

  • Обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните
  • Квалитетно образование достапно за сите согласно побарувачката на пазарот на трудот

 

  1. Приоритетните цели содржани во Одлуката за стратешки приоритети за 2021 година (Сл.весник на РСМ бр. 243 од 9.10. 2020)

-Задржување на финансиската и макроекономска стабилност, зголемување на конкурентноста на економијата и на вработеноста

-Зајакнување на системот за заштита на македонскиот јазик и поддршка на литературното творештво

-Создавања вредности на толеранција, правичност, еднакви можности, признавање на различностите во мултикултурализмот и интеркултурната комуникација

 

 

Од потпрограмата  Културен развој на иселениците со цел поттикнување и помагање за одржување на националниот, културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците, пред се за најмладата генерација на иселеници од Македонија во 2021 година предвидени се следните проектни активности:

  1. Летна Школа по мајчин јазик во Охрид
  2. Виртуелна настава по мајчин јазик во текот на цела учебна година, со цел поттикнување за учење на мајчиниот јазик преку далечина, наменета за децата на иселениците
  3. Виртуелна обука на наставниците од дијаспората
  4. Доделување награда ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестација Струшки вечери на поезијата
  5. Печатење на книга од иселеник или иселеничка организација, избрана со Јавен повик,
  6. Камп за спрт и млади во Струга
  7. Туторијал за чекори на народни танци и ора

 

           Права и положба

Со постојана комуникација со иселениците и следење на нивните активности Агенцијата за иселеништво преку соработка со сродни институции во рамки на надлежностите, се грижи за подобрување на состојбите на иселениците, правата во земјите каде што живеат и работат, решавање на проблемите и потребите преку одржување на конференции и собири со претставници на иселенички организации и отварање на прашањата за олеснување на процедурите за вадење на лични документи и други потреби. Во таа насока предвидени се следните активности

  1.  Поддршка на активности  во средините каде што живеат иселениците (изложби, концерти, литературни настапи и иселенички средби)
  2. Поддршка на иселенички настани од различен карактер во државата
  3. Годишна виртуелна иселеничка конференција

 

           Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Северна Македонија

Со цел да се добијат пореални информации  Агенцијата за иселеништво  во соработка со други државни органи и локални самоуправи во текот на 2021 година ќе  врши континуирано прибирање на податоци за можности и услови  за инвестирање и информации за бизниси на иселениците  со тенденција на префрлување на истите во Република Северна Македонија, што ќе придонесе до отварање на нови работни места и економски развој. Со цел интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија, унапредување на врските со иселеничките организации и вклучување на иселениците во јавниот,  економскиот и културниот  живот во државата предвидени се следните активности

  1. Истражување на економските потенцијали за инвестирање по општини- на терен и преку on line состаноци
  2. Печатење на брошура “Успешни бизниси во Македонија од повратници“
  3. Изготвување на прирачник со информации за е-царина и царинските постапки за увоз/извоз за бизнис заедницата.

 

 

 

 

 

  1. ПЛАН ЗА РАБОТА

А. Програма и потпрограми од стратешкиот план на органот на државната управа

 

Потпрограма 1: Културен развој на иселениците

 

Активност 1.

Летна школа по мајчин јазик

Одговорни Консултирани Временска рамка 2021 -2023 година Потребни ресурси
Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки Финансиски

MKД

 

-Ангажирање на  наставници за одржување на наставата по македонски/албански јазик

-Сместување на деца на иселеници од Македонија

-Превоз на ученици при посета на културно-историски споменици во Охрид

-Организирање на забавни активност(3 настани, караоке шоу, театарска претстава, едукативни работилници)  тех. и марк. поддршка

–Материјали потребни за одржување на Летната школа (папки, работни тетратки, пенкала, беџови,маици, топки)

-Печатење ( папки,маици,пенкала,дипломи)

Агенција за иселеништвo Фев.

21/22/23

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Авг.

21/22/23

 

 

 

 

 

10 Македонски јазик/

Албански јазик

30.000,00

 

680.000,00

 

20.000,00

 

120.000,00

 

 

50,000,00

Вкупно за активност 1      900.000,00

 

 

Активност 2.

Настава по мајчин јазик од далечина

Одговорни Консултирани Временска рамка

2021 -2023година

Потребни ресурси
Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки Финансиски

MKД

 

 

-Дигитална платформа за реализација

-Натавен кадар -2

-Техничка и маркетинг поддршка

 

 

Агенција за иселеништвo Биро за развој на образование Октомври

21/22/23

Мај

21/22/23

 

 

  5  

 

50,000.00

200,000.00

50,000.00

 

Вкупно за активност 2 300.000,00

 

 

Активност 3.

Обука за наставници од далечина

Одговорни Консултирани Временска рамка

2021 -2023година

Потребни ресурси
Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки Финансиски

MKД

 

 

Дигитална платформа за реализација

Обучувачи и програма

Сертификати

Техничка и маркетинг поддршка

Агенција за иселеништвo Биро за развој на образование Февруари

21/22/23

Април

21/22/23

 

 

  5  

 

5.000,00

15.000,00

 

10.000,00

Вкупно за активност 3.       30.000,00

 

 

 

Активност 4.

–  Награда „Стојан Христов“ Манифестација -Струшки вечери на поезијата

Одговорни Консултирани Временска рамка

2021 -2023година

Потребни ресурси
Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки Финансиски

MKД

 

 

-Хонорар за Комисијата за избор на книга поезија на автор иселеник, добитник на наградата

– Награда ,,Стојан Христов

-Патни трошоци за претставници и промоција  на наградената книга поезија

 

Агенција за иселеништвo Струшки вечери на поезијата Март

21/22/23

Авг.

21/22/23

 

 

  5  

 

15 000,00

 

35.000,00

 

10.000,00

Вкупно за активност 4       60.000,00

 

 

Активност 5

Печатење на дело од иселеник или исел.организација по јавен конкурс

Одговорни Консултирани Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

Печатење на дело

 

Промоција на книга

АИ

 

Фев.

20/21/22

 

 

 

 

 

 

 

Август.

20/21/22

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5

 

 

 

 

 

 

 

 

30.000,00

 

30.000,00

Вкупно за активност 5 60.000,00

 

Активност 6

Камп на спорт и дружење

Одговорни Консултирани Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

-сместување на ученици

-ангажирање на координатор и тренери

-набавка на опрема (топки,дресови,  медали)

-печатење (дресови и сл.)

-техничка и маркетинг поддршка поддршка

Агенција за иселеништво

 

Фев.

21/22/23

 

 

 

 

 

 

 

Август.

21/22/23

 

 

 

 

 

 

 

 

7

 

 

 

 

 

 

 

 

250.000,00

120.000,00

100.000,00

 

50.000,00

 

80.000,00

 

 

           

Вкупно за активност 6 600.000,00

 

Активност 7

Туторијали за чекори на народни танци и ора

Одговорни Консултирани Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

Хонорар за играорци

 

Техничка и маркетинг поддршка

Агенција за иселеништво

 

Фев.

21/22/23

 

 

 

 

 

 

 

Октомври

21/22/23

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

5

 

 

 

 

 

 

 

 

120.000,00

 

60.000,00

Вкупно за активност 5 180.000,00

Вкупно за Потпрограма 1                                                                                                                                      2,130,00

 

Показател за успешност: се зголемува бројот на пријавени деца на иселеници од Северна Македонија во 2020 г.  кои следеа настава  по мајчин јазик.

На проектот Летна Школа по мајчин јазик во Охрид, учествуваат 60 ученици од иселеништво и бројот секоја година расте.

Наставата по мајчин јазик се подигна на повисоко ниво поради континуирано снабдувања на училиштата во странство со учебен материјал и врвна соработка со наставниот кадар. Секое дете од иселеништво има сопствени учебници кои ги издаде, испечати и диструбуира Агенцијата за иселеништво

Уметниците иселеници творат на мајчин јазик и имаат голем интерес да бидат дел од соодветни културни манифестации кои се одржуваат во Република Северна Македонија. 50 книги од македонски автори ја збогатија иселеничката ризница на книги во Агенцијата. Оваа година 6 автори со 9 книги конкурираа на Манифестацијата Струшки вечери на поезијата.

Интересот за учество на мултикултурни манифестации во средините каде живеат е зголемен поради поддршката со промотивен материјал која ја нуди Агенцијата за иселеништво и тоа: знамиња, кукли во носии, народни носии, постери од убавини на РСМ, книги, календари, привезоци, водичи и слично.

 

Потпрограма 2 Грижа за правата и положбата на иселениците

 

 

Активност 1

Посета на иселенички организации во местата каде живеат иселениците

    Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

Патни трошоци

Маркетинг и техничка поддршка

Агенција за иселеништво

 

Фев.

21/22/23

 

 

 

 

 

 

Декември

21/22/23

 

 

 

 

 

 

 

 

5

 

 

 

 

 

 

 

 

200.000,00

100.000,00

Вкупно за активност 1         300.000,00

 

Активност 2

Поддршка на иселенички настан

    Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

-Маркетинг и техничка поддршка

-Логистичка поддршка и човечки ресурси

Агенција за иселеништво

 

Фев.

21/22/23

 

 

 

 

 

 

Декември

21/22/23

 

 

 

 

 

 

 

 

5

 

 

 

 

 

 

 

 

100.000,00

200.000,00

Вкупно за активност 2       300.000,00

 

Активност 3

Виртуелна конференција за вмрежување на иселеници

Одговорни Консултирани Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

-Платформа за реализација

-Излагачи

-Техничка и маркетинг  поддршка

Агенција за иселеништво

 

Февруари

21/22/23

 

 

 

 

 

 

Мај

21/22/23

 

 

 

 

 

 

 

 

5

 

 

 

 

 

 

 

 

10.000,00

40.000,00

10.000,00

Вкупно за активност 3 60.000,00

Вкупно за Потпрограма 2                                                                                                                                                                                                            660.000,00

Показател за успешност: преку користење на современите алатки за брза комуникација се зајакнуват односите со иселениците и иселеничките организации, благодарение на интерсот за комуникација базата на иселенички организации во Агенцијата за иселеништво е околу 1000 здруженија.

Интересот за стекнување со македонско државјанство се зголемува, како и соработката со другите институции (МНР, МВР) во однос на олеснување и упростување на процедурите за стекнување со истото.

Со посетите во странство, се евидентирани проблемите и потребите на иселениците кои ги имаат во матичната држава и државите примачи со што се зголемува довербата и зајакнува соработката со иселеништвото.

Преку следење на  политиките на државите примачи кон емиграцијата и лобирање за нивен подобар третман, иселениците уживаат поголеми права во сите сегменти во општеставата каде живеат и работат, поготово кога се однесува на држави од регионот по принцип на реципроцитет

Потпрограма 3: Реинтеграција на иселеници во Република Северна Македонија

 

Активност 1

Изготвување на прирачник со информации за е-царина и царинските постапки за увоз/извоз за бизнис заедницата.

Одговорни Консултирани Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

Техничка и маркетинг поддршка

Печатење

АИ Царинска управа Јануари

21/22/23

Ноември

21/22/23

  7  

 

30.000,00

30.000,00

Вкупно за активност 1 60.000,00

 

 

Активност 2

Вмрежување со општини на терен и on line

    Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

Патни трошоци за средби на терен

Техничка поддршка за платформата за on line средби

Агенција за иселеништво  

 

Февруари

21/22/23

 

 

Декември

21/22/23

  10

 

 

 

 

40.000,00

20.000,00

 

Вкупно за активност 2            60.000,00

 

Активност 3

Издавање и печатење брошура за успешни бизниси во РСМ од повратници /Презентација

    Почеток

(месец/година)

Крај

(месец/година)

човечки финансиски

MKД

 

 

-Печатење

-Техничка и маркетинг поддршка

-Презентација на бизниси (Конференција)

Агенција за иселеништво

 

 

Јануари

21/22/23

 

 

 

Октомври

21/22/23

 

 

 

10  

 

30.000,00

30.000,00

240.000,00

Вкупно за активност 3   300.000,00

Вкупно за потпрограма 3                                                                                                                                                                                                            420.000,00

Показател на успешност:

Информираност на иселениците за политичките, економските и општите состојби во Република Северна Македонија и обезбедени услови за реинтегрираност на повратниците

Обезбедена бизнис клима за инвеститори, иселеници кои имаат интерес да инвестират во бизниси во Република Северна Македонија

Во соработка со Општините преку различни платформи претставени се стопанските капацитети и можностите за инвестирање