Турнеја на директорот во Република Италија од 21 – 25.06.2018

Кратката турнеја на директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Никола Шалваринов во Република Италија продолжи со посетата на неколку градови со цел директна средба со иселениците и иселенички организации. Директорот Шалваринов имаше можност да се сретне со претставници на Асоцијацијата „Мост” („IL Ponte”) во Р. Италија и средба со оџата Емро Ајдаровски. На оваа средба директорот ги запозна присутните за работењето на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, како и со моменталните и идните активности, воедно преку дискусија иселениците и претставниците од иселеничката организација ги презентираа своите гледишта, како и потребите за подобро функционирање на самата организација. Турнејата во Италија продолжи и во местото Видор, на овие средби со претставниците од дијаспората се разговараше за заедничката соработка, како и идните заеднички активности. Директорот на Агенцијата имаше можност да се сретне и со претставниците на организацијата „МакитТурк”. Во Италија македонската делегација имаше директна средба и со претставници од исламскиот културен центар „Еманет” како и со оџата Авнија Нурчески кој опслужува 2000 луѓе во местото Susegana Conegliano, а на годишно ниво имаат од 2 до 3 средби за собирање на средства за добротворни цели и на оваа средба, директорот имаше можност да поразговара со присутните за активностите на Агенцијата како и за потребите на иселениците во Италија. Работните средби со иселенички организации на македонската делегација во Р. Италија, продолжија и со средби со иселеничката организација „Insieme” („Заедно”). Во Трст директорот Шалваринов имаше можност да учествува на отворен форум на кој гости домаќини беа претставниците на здруженијата „Реканци Трст” и „Кочо Рацин – Обала Копер” од Република Словенија. Воедно директорот на Агенцијата за иселеништво имаше можност да оствари работна средба и со конзулот на Република Македонија во Венеција, Република Италија, Ашим Зекироски на средбата се дискутираше за заедничката идна соработка.

Leave your vote

1 point
Upvote Downvote

Total votes: 1

Upvotes: 1

Upvotes percentage: 100.000000%

Downvotes: 0

Downvotes percentage: 0.000000%

Leave a Reply

Hey there!

Forgot password?

Don't have an account? Register

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…