Националната галерија со повик до македонската дијаспора за учество во ликовниот online проект насловен како „Го сакам мојот роден крај“.

Националната галерија на Република Северна Македонија го реализира својот најнов ликовен online проект насловен како „Го сакам мојот роден крај“. Во проектот можат да земат учество сите деца кои живеат во некоја странска земја, кои не се со постојан престој во Република Северна Македонија и кои оваа година не се во можност да ни дојдат во посета. Проектот ќе биде отворен во текот на целото лето за деца на возраст од 4-17 год. Темата и мотивот на ликовниот проект треба да биде врзана за се она што ја одбележува Македонија, нејзината култура и традиција. На конкурсот може да се достават секаков вид уметнички дела, нема ограничување во поглед на креативните техники.
Со помош на дигиталните медиуми ќе можете да ни ги праќате вашите креации и пораки за се она што Ве врзува со родниот крај. На свој ликовен јазик покажете го богатото минато на Вашите претци, зголемувајки го националното чуство и сплотувањето на многуте деца од сите страни на светот со заеднички корен. Вашите креации може да ги доставите на marketing.ngm@gmail.com или да ги објавите на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, при тоа тагнете ја Национална галерија на Република Северна Македонија и во објавата употребете го хаштагот на проектот „Го сакам мојот роден крај“ -#ГоСакамМојотРоденКрај.
Испратените слики, цртежи, видеа ќе бидат објавени на социјалните мрежи на Националната галерија, Фејсбук и Инстаграм.
Учествувајте и следете не!

Национална галерија

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…