Настава од далечина по Македонски Јазик

Почитувани иселеници!Агенцијата за иселеништво организира настава од далечина по македонски јазик, преку една од познатите интернет платформи. Наставата ќе ја води дипломиран професор и истата ќе биде организирана на почетно и напредно ниво, согласно степенот на владеење на јазикот од страна на пријавените ученици.Возраста на учениците треба да е од 7 до 16 години.Оваа година наставата ќе биде наменета за ученици кои живеат во држави каде нема организирана настава по мајчин јазик од страна на Министерството за образование и наука и тоа: Австрија, Англија и Италија.Ве молиме заинтересираните ученици да се пријават на официјалната интернет адреса на Агенцијата за иселеништво: info@minisel.gov.mkНаставата ќе трае од март до крајот на декември, притоа спазувајќи ги паузите за време на празниците и летниот распуст. По завршувањето на курсевите, ќе се доделат дипломи за завршен почетен или напреден курс.Со детални информации за почетните термини на наставата и линк од платформата ќе ве информираме дополнително, по формирањето на групите.Директор,Слободан Близнаковски

Hey there!

Forgot password?

Forgot your password?

Enter your account data and we will send you a link to reset your password.

Your password reset link appears to be invalid or expired.

Close
of

Processing files…