Кога бев мал имав желба да студирам на Џулиард. Уште тогаш знаев дека сонот на секој музичар е да стигне до таму. Сонот, станува реалност , младиот и успешен виолинист Александар Иванов е меѓу примените кандидати за студирање на Џулирад, светски лидер во изведувачката уметност.

 

  1. Завршивте во Средноното музичко училиште „ Илија Николов Луј”, на отсекот гудачки инструменти, што за вас значи класичното музицирање?

Роден сум во семејство каде што многумина по својата вокација се музичари. Мојот дедо Благој Цанев – композитор и професор во пензија на ФМУ; вујко ми Борјан Цанев – долгогодишен шеф на МФ и професор на ФМУ; мојот постар брат Филип Иванов – композитор… Да растете во атмосфера во која се негува сериозната музика, да ги слушате разговорите после концертите, уште од најрана возраст да ги препознавате Бах, Бетовен, Чајковски, со еден збор да растете со таа музичка естетика неизбежно е дека вашиот вкус се гради во таа насока и дека вие и понатаму ќе сакате да ја негувате таа музичка естетика.

 

  1. Имате 18 години и сте најмладиот добитник на наградата „Виртуози” во категоријата „Млад музички уметник” за 2015 година, манифестација во организација на Македонската опера и балет, Македонската филхармонија и Сојузот на композиторите на Македонија, што за вас значи ова признание?

Наградата Виртуози ја добив кога имав 15 години. Тогаш се уште бев мал, можеби не бев свесен, но од оваа перспеткива можам да кажам дека тоа е големо признание. Посебно ми е важна и значајна наградата затоа што ми е доделена од музичката фела во мојата земја од нејзините најеминентни претставници. Успехот во странство е предизвик, но, признанието во родната земја е огромно задоволство.

 

  1. Своето високо образование ќе го продолжите на “The Juilliard School” во Њујорк бевте примени за учебната 2019 година, што за вас значи овој успех?

Кога бев мал имав желба да студирам на Џулиард. Уште тогаш знаев дека сонот на секој музичар е да стигне до таму. Денес Њујорк претставува центарот каде што се вкрстуваат патиштата на сите светски уметници. Голем предизвик е да се образуваш таму каде што завршиле Цукерман, Перлман, Џон Вилијамс и мн. други. Името птретставува бренд и на некој начин гаранција дека ќе добиете квалитетно образование, кое  понатаму ќе ви ги отвора вратите на сите светски оркестри и музички институции.

 

  1. Постојано учествувате како дома така и во странство, имате настапувано со диригентите Борјан Цанев (шеф диригент на македонска филхармонија), Андраш Дек (шеф диригент на Дунавскиот симфониски оркестар), Веско Пантелеев – Ешкенази концертмајстор на концертгебау, Амстердам, Џошуа Гирсен (асистент диригент на Њујоршката филхармонија), Марк Расел Смит, Пол Брајан (декан и главен диригент на Кертис инситутот за музика – Curtis Institute of Music), сооглед дека сте млад, што научивте од овие настапи?

Најголемиот предизвик за секој млад изведувач е да биде солист со симфониски оркестар. Морам да признаам дека во тој дел многу ми помогна мојот вујко, кој од една страна ми беше најголем критичар, но од друга ме научи како да се справувам со секој оркестар и диригент во иднина. Од него научив дека како солист  треба да ја познавам оркестарската партитура исто толку, колку и самиот диригент. Постојано ми зборуваше колку треба да мислам и внимавам на ритамот за да можам да дишам заедно со оркестарот. И до денес после секој мој настап најважно ми е неговото мислење затоа што секогаш бил многу објективен во критиката, а тоа е најважниот сегмент за напредувањето на секој млад уметник.

 

  1. Имате добиено голем број на награди, која е вашата омилена дали можеби третата награда на виолинскиот конкурс „Недјалка Симеонова”, Бугарија (2013); Лауреат од втор степен – меѓународен конкурс во Москва, Русија (2014); Лауреат од прв степен на виолинскиот конкурс во Санкт Петерсбург, Русија (2015); или прва награда на натпреварот со Дунавскиот симфониски оркестар и Надја Неволович – професор, Специјална награда од Дунавскиот симфониски оркестар и Андраш Дек – диригент (2016)?

Не можам да издвојам посебно некоја награда. Секоја ми е посебно драга и важна и за секоја од нив ме врзуватт стотици часови вежбање и денови исполнети со возбуда пред самиот настап бидејќи тоа е моментот кога треба да го дадете најдоброто од себе, но дали тоа ќе се случи, претставува склоп на многу околности. Хаха, не знам кој ме нарекува така. Не сум Паганинии ја сум Александар Иванов, но со седумнаесеттото капричо на Паганини ги освоив гласовите на комисијата во Џулиард. Секогаш се стремам кон свој сопствен стил, нормално дека имам влијание од моите професори, посебно од Светлин Русев -виолинист од светски ранк, но се трудам да не личам на никого.

 

  1. Кое вашето омилено музичко дело кое сакате да го отсвирите по вашето дипломирање?

На ова прашање не можам да одговорам во моментот. До сега на програмата сум имал голем број на солистички концерти од т.н. “железен” репертоар и навистина не знам како ќе се одвиваат до тогаш работите. Но, длабоко во себе би сакал брат ми да напише уште еден виолински концерт кој ќе му го изведам премиерно на мојот дипломски испит.

 

  1. Како го исполнувате вашето слободно време?

Слободно време имам некогаш помалку, некогаш повеќе и гледам да го искористам најквалитетно што можам. Читам, гледам документарци, филмови, излегувам и се забавувам со моите пријатели. Физички сум многу активен. Секогаш наоѓам време да вежбам во теретана, затоа што тоа многу ми помага во кондицијата за свирење , но и за моето ментално здравје. Од спортовите најмногу го сакам сноубиордингот. Моите родители секоја зима ме носеа на скијање со што ми ја всадија љубовта кон зимските спортови. Секогаш кога имам можност одам барем неколку дена да ја почувствувам убавината на скијачките патеки. Ми велат скијањето било опасно за мене. Но јас не мислам така. Од мојот професор Светлин Русев научив дека целокупниот живот не треба да се состои исклучиво од виолината и работата. Има безброј други убави и корисни работи кои го прават комплетен и поквалитетен.

 

  1. Кои се вашите идни планови?

Сега ми престои адаптација во нова средина, сосема поразлична од нашата, па и од европската. Но јас сум навикнат на тоа. Следниот чекор ми се неколку големи светски натпревари за кои што пчнувам полека да се подготвувам.

 

  1. Што ќе им порачате на сите кои го читаат ова интервју?

Никогаш не се откажувајте од своите соништа мојата девиза е „All of your deams can come true, if you have the courage”.