Александар Петров
Александар Петров е перкусионист, има завршено музички конзерваториум во Париз, на отсек ударни инструменти во 2002 година, кога и целосно се посветува на својата кариера, повеќе во Европа отколку во Македонија, каде што навраќа одвреме навреме со свои настапи. Тој е дел од интернационалниот состав „Бејс Квартет“ во кој, освен него членуваат и Теодосиј Спасов […]
Александар Петров е перкусионист, има завршено музички конзерваториум во Париз, на отсек ударни инструменти во 2002 година, кога и целосно се посветува на својата кариера, повеќе во Европа отколку во Македонија, каде што навраќа одвреме навреме со свои настапи. Тој е дел од интернационалниот состав „Бејс Квартет“ во кој, освен него членуваат и Теодосиј Спасов – кавал (Бугарија), Васил Хаџиманов – клавијатури (Србија) и Башар Кхалифе – перкусии (Либан). Оваа музичка група во изминатиот период стана позната на многу европски музички сцени.
Најпознато нивно CD (албум) е „Без прозор“, кој што е издаден во Франција, Австрија, Хрватска, Бугарија и др. Во нивната музика се чувствуваат Балкански примеси од музичкиот фолклор.
За неговата група „Бејс Квартет“ не е проблем заедничкото работење иако се од различни земји. Нив ги спојува музиката која е јадро на нивнотот успешно фунционирање. Тие се среќаваат тогаш кога музиката треба да ја доживеат на концерт или за снимање на нов албум.