Бошко Рајчовски
БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ, ОСНОВАЧ НА МАКЕДОНСКО РАДИО ВО АМЕРИКА Љубовта со пари не се купува Една од најпопуларните радиопрограми меѓу македонската дијаспора во Америка и секаде во светот е “Оро македонско”, што веќе четириесетина години се емитува секоја сабота од студио во Детроит, САД. Основач на оваа радиопрограма е Бошко Рајчовски-Пелистерски, Македонец кој 43 години живее […]
БОШКО РАЈЧОВСКИ-ПЕЛИСТЕРСКИ, ОСНОВАЧ НА МАКЕДОНСКО РАДИО ВО АМЕРИКА
Љубовта со пари не се купува Една од најпопуларните радиопрограми меѓу македонската дијаспора во Америка и секаде во светот е “Оро македонско”, што веќе четириесетина години се емитува секоја сабота од студио во Детроит, САД. Основач на оваа радиопрограма е Бошко Рајчовски-Пелистерски, Македонец кој 43 години живее далеку од својата татковина, познат поет од дијаспората, добитник на наградата “Иселеничка грамота”, човек кому животот во туѓина, како и на многумина иселеници му донел материјална сигурност, но и постојано чувство на носталгија и мисла за враќање во родниот крај. Бошко Рајчовски-Пелистерски има 63 години, роден е во сепо Љубојно, во подножјето на планината Пелистер, средношколските години ги поминал во Битола, а од својата 19-та година живее далеку од Македонија, во Америка. Прекарот Пелистерски го присвоил уште во младоста кога почнал да пишува поезија. – За Пелистер е врзан целиот мој живот, во селото Љубојно го поминав детството, во Битола, градот под Пелистер, почнав да ги пишувам првите стихови и кога заминав во туѓина, како спомен на родниот крај, на моето име го додадов прекарот Пелистерски – вели Бошко Рајчовски. Тој е познат како еден од најактивните македонски иселеници во САД и како основач на првата македонска радиопрограма во дијаспората – “Оро македонско”. ■ Како почна Вашата иселеничка приказна, што ги одбележа сите овие четириесетина години живот надвор од Македонија? Од Македонија заминав кога имав 19 години, значи во цутот на младоста. Уште тогаш многу фамилии од моето родно село Љубојно беа заминати во Детроит, така што имав и роднини и пријатели кои ми се најдоа во моментите кога требаше да ја пребродам носталгијата. По некоја година во Детроит дојдоа и моите најблиски, родителите и сестра и тоа уште повеќе ми го поедностави животот во туѓина. Целиот работен век го поминав во автомобилската индустрија “Крајслер”, работев на машини, а бидејќи компанијата имаше многу поволни бенефиции за вработените, по 30 години работа веќе исполнив услови за пензија и ете, од мојата 51 година сум пензионер. Тоа ми овозможи последниве десет години редовно, секое лето, да доаѓам во Македонија. ■ Меѓу Македонците во САД сте познат и како основач на најстарата радиопрограма за дијаспората. Зошто покренавте радиопрограма во Америка, кој беше поводот за тоа? ■ Со колкава енипа ја работите оваа програма? ■ Што ги интересира Македонците во дијаспората, што сакаат да слушнат за татковината? ■ Овде во Македонија, а и во Америка меѓу другото сте познат и како поет. Поезијата е Ваша љубов уште од младоста, пишувате ли се уште интензивно поезија? ■ Со што заслуживте таква чест? Веројатно затоа што овде во Македонија се цени мојата активност меѓу иселениците во САД. Мислам дека доаѓа време кога дијаспората ќе добие поголемо внимание во македонското општество од тоа што го имала досега и тоа ќе биде многу значајно, бидејќи иселениците колку и да се далеку од татковината можат да придонесат за нејзиниот развиток. ■ Зошто е тоа така, значи ли тоа дека иселениците веќе не веруваат дека Макелонија има добра иднина? ■ Успеа ли Америка да Ве придобие да ја засакате, како што ете ја сакате Македонија? Гордана Колевска |