Васко Дуковски
Васко Дуковски е млад македонски музичар, кларинетист, роден во Македонија, и е еден од двајцата македонски виртуози што дипломирал и магистрирал на престижната музичка Академија во Њујорк, заедно со неговиот колега Исмаил Лумановски. Дуковски живее една деценија во Њујорк и има настапувано на многу престижни музички фестивали ширум светот. Со неговиот колега Лумановски имаат проект […]
Васко Дуковски е млад македонски музичар, кларинетист, роден во Македонија, и е еден од двајцата македонски виртуози што дипломирал и магистрирал на престижната музичка Академија во Њујорк, заедно со неговиот колега Исмаил Лумановски. Дуковски живее една деценија во Њујорк и има настапувано на многу престижни музички фестивали ширум светот.
Со неговиот колега Лумановски имаат проект Грнета Ансамбл, а исто така член е и во ансаблот за современа музика Талеа, оркестарот на добитникот на Греми и Тони музички награди – Тони Смол.
Васко Дуковски објавува албум во Њујорк со наслов „Критикал моделс“ во издание на продуцентската куќа „Доријан соло Лиминус“. Композитор на овој албум е Американецот со арапско потекло Мохамед Феруз, а во албумот учествуваат и музичари од повеќе земји.
Во март 2012 во рамките на Обединетите нации настапи по повод дебатата на меѓуетнички и меѓучовечки односи на Алијансата за цивилизации на ОН и изведуваше дела од српскиот композитор Александар Симиќ. Во истиот месец имаше настап заедно со тип изведувачи, вклучувајќи го и нашиот македонски виртуоз, пијанист, композитор и продуцент Дуке Бијаџиев во клубот „Дром“, во Њујорк, на презентација на материјалот од неговиот нов албум „Сон.Верба:Љубов“.
И покрај многубројните ангажмани Дуковски работи паралелно на својот нов албум заедно со ансамблот за современа музика Талеа којшто содржи дела од познатиот италијански композитор Фаусто Ромители.