Даниел Георгиевски е талентиран интернационален фудбалер, кој со гордост се декларира како Македонец.
Роден е на 17 Фебруари 1988 во Сиднеј. Потекнува од мајка штипјанка и татко од Скопје кои како млад брачен пар во 1985 година заминуваат за Сиднеј-Австралија во потрага за подобра иднина.
Даниел, е одбрамбен играч кој игра со десната и со левата нога. и уште на девет годишна возраст го осознава својот талент со аматерски статус, постапно од себе да создаде интернационален фудбалер.
Во својата кариера до 18 годишна возраст игра за Blacktown City и Markoni од Сиднеј во Нов Јужен Велс во Премиер Лигата.
Во овој период постигнува 9 шампионски титули, 3 години е капитен на неговиот тим, а во 2005 година е прогласен за најдобар играч на школско првенство на Нов Јужен Велс.
Значаен период во неговата биографија е март 2006 кога е избран во репрезентација на Македонија до 19 години и игра во квалификациите за Европското првенство во Загреб-Хрватска. На овој натпревар го постигнува првиот гол за репрезентацијата на Македонија. Потоа во август преминува да игра за јуниорите на Динамо Загреб каде што моментално е со привремено живеалиште.
Како потврда за неговиот патриотизам , кој корените на своите родители ги доживува како свои, е тоа што оваа година во март настапи за репрезентацијата на Македонија под 21 години во два пријателски натпревари со Црна Гора и Албанија.
Сето тоа го чини Даниел Георгиевски, интернационален фудбалер со блескава кариера… И да не заборавиме уште да кажеме дека се она што излегло од наши пазуви …поголем дел од нив го сочинуваат културно-образовното и спортското милје од Македонија.
Летка Димовска Полизова