Дарко Костовски
Пијанист Дарко Костовски е најмладиот студент во историјата на Високата музичка академија во Келн – имаше само 16 години кога ги почна студиите по пијано и 2004 година магистрираше во класата на престижниот професор Арбо Валдма. Дипломира со највисоката оценка и беше прогласен за најдобар странски студент на академијата. Добитник е нa повеќе меѓународни награди […]
Пијанист
Дарко Костовски е најмладиот студент во историјата на Високата музичка академија во Келн – имаше само 16 години кога ги почна студиите по пијано и 2004 година магистрираше во класата на престижниот професор Арбо Валдма. Дипломира со највисоката оценка и беше прогласен за најдобар странски студент на академијата. Добитник е нa повеќе меѓународни награди и признанија – прва награда на натпреварот во Таранто, Италија, прва награда „Yamaha” на натпреварот во Вајмар, како и почесна награда на Шопеновиот натпревар во Германија. Соработувал и посетувал семинари кај познати пијанисти како Павел Гилилов, Антон Диков, Николај Алексеев… Своето музичко образование Костовски го почна во МБУЦ „Илија Николовски -Луј“ во класите на проф. Борис Романов, Марија Писинова и Аида Ислам. Дваесет и деветгодишниот пијанист статусот слободен уметник во Германија го доби благодарение на своите успешни претставувања во оваа земја – преку концертите, кои секогаш се позитивно оценувани од критиката и, секако, поради големиот број интернационални награди, кои се составен дел од неговата биографија. Летка Димовска Полизова |