Елена Мисиркова Лоза
Лоза, пијанистка Познатата пијанистка Елена Мисиркова Лоза со светска кариера е родена во Македонија. Правнука е на Крсте Мисирков. Повеќе од 17 години живее и работи во Австрија. Таа е со домашно и со руско музичко образование и со воспоставен вредносен систем, преземен од широкогради ерудити кои несебично и го предале она што го поседуваат, […]
Лоза, пијанистка
Познатата пијанистка Елена Мисиркова Лоза со светска кариера е родена во Македонија. Правнука е на Крсте Мисирков. Повеќе од 17 години живее и работи во Австрија. Таа е со домашно и со руско музичко образование и со воспоставен вредносен систем, преземен од широкогради ерудити кои несебично и го предале она што го поседуваат, а што го препознава светот.Елена Мисиркова 17 години живее и работи во Виена. На 18-годишна возраст, кога замина во Русија или потоа, кога прв пат отиде да ја проба среќата на “првата европска музичка станица” Виена,oчигледно и успеа, па овој светски музички центар и стана дом каде што, според резултатите кои ги постигнува, и станува тесен, па амбициите се зголемуваат. Таа е уметник со широк видокруг, скромна и вредна во својата професија. Среќна е што Австрија е нејзина втора татковина во која твори и работи , а освен тоа и не е толку оддалечена од Македонија. Елена Мисиркова дава и приватни часови по пијано. Освен тоа, со нејзиниот сопруг, кој е нејзин менаџер, постојано работи на воспоставување и одржување контакти со музичари, спонзори и продуцентски куќи. Во средина како Виена, контактите се мошне важен момент, бидејќи од нив зависат идните проекти и ангажмани.Нејзини спонзори се автомобилските компании “Јагуар” и “Масерати”, а зад неа стои и светски познатата фирма за производство на пијано, “Фачиле Фациоли”. Еден од најголемите куриозитети е тоа што нејзиното име е испишано на австриски патнички авион, име на една Македонка како симболика за нејзиниот успех во уметноста.И не само тоа. На нејзините големи концерти и настапи, во разни концертни сали и замоци пред илјадната публика ја најавуваат како европски граѓанин и како уметник кој потекнува од Република Македонија. Тоа за неа е огромна сатисфакција. За своето двојно државјанство и лојалност кон таа држава затоа што и овозможува да твори, Елена ќе рече: “Мислам дека секој така би реагирал. Но моите корени се во Македонија, а тоа никогаш не го заборавам. Тоа е мошне битен момент и ако сака некој да ме присвои, не е можно, зашто мојот идентитет е поврзан со мојата свест. Ова е мојата татковина, овде се чувствувам пријатно, овде сум дома, од овде црпам сили за сите нешта што ми се случуваат надвор од нејзините граници. ” Контактот со Македонија редовно го одржува, има успешна соработката со македонските институции и фестивали . „Со доделувањето на оваа титула, на нашите уметници им се оддолжуваме за нивната досегашна, но и понатамошна афирмација на Македонија во светот“, рече премиерот Груевски.
Летка Димовска Полизова |