Коста Георгиевски
Компанија за почит Една од поголемите градежни фирми во македонската заедница во поголемите градежни фирми во македонската заедница во Сиднеј, е компанијата Georgievski Bros Pty Ltd, која работи со бетонски дејности-ниска градба и ископување со машини Georgievski Bros Pty Ltd е фамилијарна компанија, која е формирана во 1989 год. во Сиднеј,Австралија, од браќата Коста и […]
Компанија за почит
Една од поголемите градежни фирми во македонската заедница во
Сиднеј, е компанијата Georgievski Bros Pty Ltd, која работи со бетонски дејности-ниска градба и ископување со машини
Georgievski Bros Pty Ltd е фамилијарна компанија, која е формирана во 1989 год. во Сиднеј,Австралија, од браќата Коста и Николај со потекло од Скопје, Македонија. Во 1997год. Николај заминува од оваа компанија, а на негово место доаѓа Марика, сопруга на Коста. Така здружени и со јасна визија, управувана од овој млад брачен пар, компанијата прераснува во една од престижните градежни фирми во Сиднеј. Уште позначајно и за почит е тоа што токму тука, голем број наши сонародници си го решија своето егзистенционално и духовно опстојување во Австралија.
И не само тоа, за името на Коста и Марика Георгиевски тесно е поврзана хуманитарната и културно-образовна партиципација. Од почетокот на самото формирање па до денес, соработувајќи со Македонците од Сиднеј и Македонската заедница, тие стануваат водечки брачен пар како спонзори на многу спортски клубови ( Сиднеј Македонија), културни клубови и здруженија ( театарот Bumerang од New Castle), покровители на манифестацијата “ 100 години од Илинден” во Opera House), помагатели на македонски етнички саботни училишта, македонски радио станици, како и хуманитарни донации.
Натпреварите во голф, наречен како ден за дружење, под покровителство на Georgievski Bros Pty Ltd, прераснаа во традиционални. Пет години по ред, на тој ден, на прекрасните голф-терени во Сиднеј ќе сретнете наши истакнати бизнис личности, културни работници, спортисти, а во последно време и нашите дипломати од Канбера ( амбасадорот В.Габер со неговата сопруга). Но, најзначајно е тоа што токму тука, неизоставно, секогаш ќе ја сретнете срдечната, полна со љубов, насмевка на Организаторот.
Летка Димовска Полизова