Крсте и Роберт Блажевски
Име на компанија Хотел Дрим Косопственици Крсте и Роберт Блажевски Хотелот Дрим е изграден во 1977 година крај Струшката ревиера на местото каде реката Црн Дрим излегува од Охридското Езеро. Хотелот ги исполнува критериумите за хотел со 4 ѕвезди. Капацитетот на хотел Дрим е 196 соби опремени со ТВ приемник, клима уред, директна телефонска линија, […]
Име на компанија | Хотел Дрим |
Косопственици | Крсте и Роберт Блажевски |
Хотелот Дрим е изграден во 1977 година крај Струшката ревиера на местото каде реката Црн Дрим излегува од Охридското Езеро. Хотелот ги исполнува критериумите за хотел со 4 ѕвезди.
Капацитетот на хотел Дрим е 196 соби опремени со ТВ приемник, клима уред, директна телефонска линија, интернет и минибар. Во тек е опремувањето на два делукс бизнис апартмани.
Во рамките на комплексот хотел Дрим има ресторан, летна бавча наречена Струшки кепенци, Аперитив бар, приватна плажа, базен, спа центар. За рекреација и спорт на посетителите хотелот располага со терени за кошарка, одбојка и ракомет на плажа, тениско игралиште, куглана и билјард. За одржување на бизнис состаноци и семинари хотелот располага со 7 сали со различен капацитет.
Во 2003 година сопственик на бизнисот станува компанијата Инекс Дрим АД во која како акционери се јавуваат господата Крсте и Роберт Блажевски кои во Америка имаат бизнис со недвижности и американските компании APS Contracting во сопственост на г-дин Гоце Блажевски и г-дин Светозар Шарески и Exsel Insolation во сопственост на партнерите г-дин Гоце Жороски и г-дин Драган Коцески. Покрај хотел Дрим во сопственост на компанијата се и Хотел Београд и автокампот АС во Струга. Во овој бизнис компанијата има вложено над 6 000 000 американски долари.
Во 2004 година браќата Блажевски станале сопственици во Јака Табак АД Радовиш купувајќи акции во вредност од 2 000 000 американски долари. Досега нивните инвестициони проекти во Република Македонија изнесуваат 8 000 000 американски долари.
Тел | + 389 46 785 800 |
Fax | + 389 46 780 460 |
Веб страна | www.drim.com.mk |
hdrim@t-home.mk contact@drim.com.mk |