Лоран Димановски
Име на компанија Подгорски Ан Сопственик Лоран Димановски Во 2007 година во подножието на планината Беласица во близина на Колешинските водопади и бањата Банско-Струмица изграден е мотелот Подгорски Ан. Капацитетот на мотелот е 20 соби во кои може да се сместат 50 гости. Собите располагаат со ТВ приемник, клима уред и купатило. Мотелот располага со […]
Име на компанија | Подгорски Ан |
Сопственик | Лоран Димановски |
Во 2007 година во подножието на планината Беласица во близина на Колешинските водопади и бањата Банско-Струмица изграден е мотелот Подгорски Ан.
Капацитетот на мотелот е 20 соби во кои може да се сместат 50 гости. Собите располагаат со ТВ приемник, клима уред и купатило.
Мотелот располага со ресторан за 50 гости во затворениот дел и со летна тераса за 150 луѓе. Летната тераса е во уникатен стил сместена до голема воденица и фурна што врз посетителот остава несекојдневен впечаток. Во ресторанот се служат традиционални јадења карактеристични за ова поднебје и тоа пити, баници, овчо кисело млеко, специјални видови сирења и слично. Ресторанот располага и со богата винска листа на сортни вина.
Во склоп на комплексот има сала за семинари и презентации опремена во традиционален стил. Веднаш до мотелот Подгорски Ан е изградена бензинска пумпа.
Сопственик на мотелот Подгорски Ан е г-дин Лоран Димановски кој по престојот во Швајцарија се враќа во Република Македонија за да се занимава со угостителска дејност.
Тел | + 389 34 351 100 |
Веб страна | www.podgorskian.com |
podgorski-an@hotmail.com |