Лорен Каратаневски, Македонка од Канада, на 12 Светско првенство во пливање во Мелбурн настапи во дресот на Македонската репрезентација. Првиот настап и беше од 1 метарска скокалка а вториот од 3 метри. Инаку, Лорен остави силен впечаток кај публиката, но за жал, не и кај необјективните судии кои знаеа да гласаат со разлика од 1-7.

Фотографиите се направени за време на натпреварите и навистина Лорен напиша нова страна од македонската историја. Таа е прва македонска репрезентативка во скокови во вода.

На скокалната од 1м беше 32, а на скокалната од 3м беше 34. Успехот е голем, ако судиите не беа пристрасни и наклонети кон пливачките од светско реноме, Лорен ќе освоеше подобро место.

Ицо Најдовски