МАРИЈА ГАЈДАРЏИСКА ЈОСИФОВСКА
Проф. Д-р Гајдарџиска усовршувајќи се во областа на физиката поминала три континенти. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје 1981 година и шест години предавала физика. Како единствен добитник на годишната Австралиско – Европска дипломска награда се здобива со магистерска титула од Универзитетот во Сиднеј во 1986 година. Пет години подоцна (1991) работејќи […]
Проф. Д-р Гајдарџиска усовршувајќи се во областа на физиката поминала три континенти. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје 1981 година и шест години предавала физика. Како единствен добитник на годишната Австралиско – Европска дипломска награда се здобива со магистерска титула од Универзитетот во Сиднеј во 1986 година. Пет години подоцна (1991) работејќи на истражувачки проект на Универзитетот во Аризона (САД) се здоби со докторат, проследен со двегодишна стипендија за истражување во Националниот центар за електронска микроскопија. Од 1993 година Гајдарџиска е на Универзитетот во Висконсин – Милвоки, каде што се здоби со звањето професор. Проф. Д-р Гајдарџиска Јосифовска е основач и директор на Лабораторијата за висока резолуција при електронска микроскопија на Одделот за физика. Во 1995 година станува универзитетски соработник во Oak Ridge Националната лабораторија, а од 2008 е надворешен предавач на Оксфорд Универзитетот. Една година подоцна (2009) дипломира Менаџмент за развојна програма за високо образование на