Име на компанија Деалтаск ПТУ
Сопственик Митко Бојковски

Во 2007 година по извршените реконструкции фабриката Преспатекс од Ресен продолжува да работи под името Деалтаск ПТУ. Дејноста на компанијата е во рамките на текстилната и кожарската индустрија.

Компанијата својата дејност ја извршува на простор од 17 500 метри квадратни. За реализација на производните планови компанијата вработува 45 лица.

Производниот капацитет на фабриката е 2 000 000 квадратни метра висококвалитетни синтетички крзна, како и 5 000 квадратни метра различни производи наменети за чевларската индустрија, навлаки за кревети и седишта за автомобил. Компанијата произведува и волнени производи како и мешавина на волнени производи наменети за понатамошна обработка во текстилната индустрија.

По порачка Деалтаск ПТУ произведува производи од акрил, полиестер и модакрилик.

Сопственик на компанијата е господинот Митко Бојковски кој заработениот капитал во Австралија решил да го инвестира во Република Македонија.

Тел + 389 47 455 710
+ 389 47 455 711
Факс + 389 47 455 712
Веб страна www.dealtask.com.mk
E-mail dealtask@yahoo.com