Кратка биографија
Ник Димитриевски, роден во Скене, Шведска во 1975, докторант по даночно право на факултетот за бизнис, економија и право на Универзитетот во Гетеборг.

Главни области на интерес
Шведско даночно право, меѓународно даночно право и меѓународно право.

Образование
2001 год, Магистер по право, Лунд Универзитет, Правен факултет, Шведска.
Дипломска теза: Проблемите во испитувањето што се однесува на оданочување на добивки од слични компании.

Вработување:
Докторант по Даночно право
Службеник за жалби/ Даночник: Одделение за жалби за поединци (Гетеборг)/Шведска даночна агенција.
Набљудувач на избори за областа Маркс, Шведска.

Научни асоцијации:
Член на ИФА – Меѓународна Фискална Асоцијација

Владини комитети:
Министерство за финансии: Комитет за даночење на спорт

Истражувачки проект/работен наслов:
Даночење на напрофитни организации. Супервизор проф. Роберт Палсон
Непрофитните организации (НПО) се помеѓу централните институции за социјални и културни активности во Шведска. Во последните 70 години на импреисвниот раст на скалата на непрофитните организации значи дека важноста на овие организации континуирано расте.

Даночната основица за НПО во Шведска е пониска отколку кај фирмите. Причина за рестрикцијата на даночната основица е социјална, културна и политика на работење за поддршка на различни активности со општествени цели.

Шведскиот закон за днаочење на приходите на НПО се базира на моделот на „општествена цел“. Овој модел се фокусира на јавноста акцентирајќи ги активностите на организациите. Доколку организацијата е даночно изземена, таа сеуште може да продолжи со извесен трговски или деловен приход којшто е пред се се однесува на „општествена цел“ што е основа за даночно ослободување на организациите.

Социјалниот, економскиот и културниот развој на Шведска во минатата деценија беше предизвик за традиционалната функцијата на НПО. НПО со „општествена цел“ да ги помогне спортските активности е една од најголемите групи на НПО-ата во Шведска и на нивната експанзија со активности во деловниот сектор иницира прашања за разликите помеѓу деловните приходи и неделовните приходи/профитен и непрофитен сектор.
Моите докторантски тези ексклузивно се фокусираат на даночниот режим на приходите на НПО и имаат за цел да дадат еднаква слика за даночниот закон на приходи и на case law во однос на НПО воопшто и НПО со „општествена цел“ за поттикнување особено на спортските активности. Ова овозможува истражување на различни прашања како што се; како е дефиниран критериумот за даночно ослободување во Шведска на „општествената цел“? Каква е разликата помеѓу деловниот сектор и неделовниот сектор? Која е разликата помеѓу деловен приход и неделовен приход? Кои принципи се применуваат за рестрикција на даночната основица? Кои околности ги поттикнуваат законодавците во одлучување кој приход да го вклучат во даночната основица, а кој да го исклучат.

Курсеви:
Даночен закон и даночење на друштва, на училиштето за бизнис, економија и право на Универзитет Лунд, Шведска. Даночен закон и даночење на друштва на универзитетскиот Колеџ во Борас, Шведска.

Избор на јавни презентации
2002 година Шведска даночна агенција. Говор: Проблеми на евидентирање во однос оданочување на затворени друштва.
2003 година Симпозиум на Нордискиот Совет за даночни истражувања во Ванајанлина, Финска. Говор: Даночење на НПО.
2004 година Архус-Лунд (Данска/Шведска) – даночна мрежа, Данска. Говор: Можности на Шведската Даночна агенција за евалуација на бенефит.
2005 година Архус/Лунд – даночна мрежа, симпозиум во Гетеборг, Шведска. Говор: Спортот како шоу бизнис и шведските правила за даночно ослободување на непрофитни организации.
2006 година Симпозиум на Нордискиот Совет за даночно истражување во Билунд, Данска. Говор: правила за даночно ослободување во однос на непрофитните организации во општествата што се менуваат.
2007 година Гостин предавач на Универзитетот Карлштад. Говор: Комитет за данок на спорт и правила за даночно ослободување во општествата што се менуваат.

Универзитет
Член на Борд. Совет на докторанти на Школата за Бизнис, економија и право на Универзитетот во Гетеборг.

Друго
Назначен за специјален претставник на Советот на докторанти на Факултетот за бизнис, економија и право во Советот на доктранти на Универзитетот во Гетеборг.
Назначен од Бордот за благајник на Советот на докторанти на Училиштето за бизнис, економија и право на Универзитетот во Гетеборг.

Членства вон факултетот
Член на здружението за даночно право на Гетеборг.
Член на здружението Лутакс на Правниот факултет на Лунд универзитетот.
Член на Torgny Segerstedts Minne Foundation фондацијата
Член на здружението на ОН на Шведска.

Публикации на шведски јазик
1. Дипломска работа: Проблеми на докажување во врска со даночење на бенефити од затворени друштва Лунд Универзитет, Правен факултет, Шведска 2001 година www.jur.lu.se .
2. Проблеми на докажување во врска со даночење на бенефити од затворени друштва.
3. Можности на шведската даночна агенција за корекција на евалуацијата на бенефити. 2004 www.retttid.dk
4. Можности на шведската даночна агенција за корекција на евалуацијата на бенефити.
5. Спортот како шоу бизнис и шведските даночни правила за даночно ослободување во однос на НПО, 2005.