Родена во Скопје во 1997 година, својот талент за актерска игра го усовршува во Чешката Република, каде што е една од најпознатите македонски актерки, која зад себе има реализирано голем број на улоги во ТВ серии, театарот и на филмското платно. Разговараме за нејзините минати и сегашни проекти, најава за проектите во 2020 година, како и за се она што приватно ја исполнува. Инспиративно интервју со младата актерка Сара Сандева од Чешката Република за Агенцијата за иселеништво.

1. Родена на 25.06.1997 година во Скопје, каде го завршувате вашето основно и средно образование?

Да така е, роденa сум во Скопје 1997 година, на својата две годишна возраст, заедно со моите родители заминуваме во Прага, Чешка Република, своето основно и средно училиште ги завршувам во Прага, односно Прашки конзерваториум, на кој ја студирав актерската игра. Додека учев паралелно и работев на неколку проекти, навистина беше динамично да се постигне се, но кога се има желба се се’ успева. Глумата е нешто што од шест години знам дека сакам да го правам.

2. Од каде желбата за да се занимавате со актерска игра, сооглед дека на своја 14 годишна возраст започнувате професионална кариера преку првата улога во ТВ серија Gympl, а по тоа и со првата улога за филмот „Живот је Живот”, како дојде до реализацијата на овие улоги?

Од својата шеста годишна возраст, знаете преку оние детски игри, пеење пред огледало, правење забава за сите, па се до вистински и целосно реализирање на мојата детска желба. Едноставно знаев дека сакам да бидам актерка. Го сакам киното и театарот, сакам да читам едноставно и лесно памтам текстови, за мене е леснотија мојата работа и ако понекогаш знае да биде снимањето долго и макотрпно, но кога ќе го видите крајниот резултата, тогаш се се’ заборава. Благодарна сум на моите родители, тие застаа зад моите желби и ми ја дадоа сета поддршка за да ја изградам мојата кариера и образование. Се сеќавам на мојата прва снимена серија, беше посветена на средношколските денови, беше навистина голем стрес за мене, дотолку постресно ми беше, бидејќи глумев лик на аутистично дете, улога која бара голема подготовка, поготово за некој што прв пат снимам серија. Улогата бараше голема работа, но и очекувања и желби беа големи, на крајот се беше завршено во најдобар ред.
А мојата прва улога на филм беше во филмот „Живот је живот”, тоа е беше прекрасен филм, големо искуство кое ми е посебно драго.

3. Ова лето го завршивте снимањето на новиот филм со режисерот Жденек Прошки кој ќе се емитува во кино во 2020 година, ќе ни откриете повеќе за овој филм, која улога толкувате таму и која е темата на филмот?

Да, го завршивме снимањето на овој филм. Овој филм е филмска бајка, добивав во филмови, улоги на бајки, најчесто толкував улоги на добро, мило, позитивно девојче, овој пат во разговор со режисерот, заедно избравме да добијам улога, на најнегативниот лик во филмот. Никој од екипата не можеше да ме ситуира во негативен лик, токму за тоа дека до сега имам толкувано позитивни ликови, и верувам дека ќе биде големо изненадувањ за сите. Овој филм ќе биде презентиран пред чешката и словачката публика.

4. Покрај актерската игра како главна професија, вие и се занимавате и со фотомоделство, од каде желбата да се занимавате со ова?

Да јас сум професионален актер, но не сум фотомодел, но често поради интервјуата кои ги имам дадено пред се се за Fashion магазини во Чешка, а воедно самите бараат од вас да ви направат професионална фотосесија за самото интервју и кога тоа ќе излезе во медиумите, луѓето ме поврзуваат со тоа дека се занимавам паралелно и со фотомоделство. И да би прифатила ако некој ми понуди да снимам професионална фотосесија, но не како фотомодел, туку како актерката Сара Сандева, сепак сум актер пред се’.

5. Која е Сара Сандева во приватниот живот, далеку од камерите и фотоапаратите?

Да, јас сум актерка, актерството носи слава, луѓе околу тебе, познанства, гужва, но во суштина јас сум само едно нормално девојче, кое сака дружба со пријателите, сакам да јадам, и да патувам, многу сум поврзана со моите родители и брат ми и ми значи слободното време да го поминам со нив.

6. Вие сте актерка, актерската игра на филмското платно или на даските што живот значат , која за вас опција ви е подрага?

Јас мислам дека човек кој, темелито ги изработува работите, за актер кој ги подготвува улогите преку истражување, анализирање на психолошкиот профил на улогата, не е важно дали ќе толкува улога на филмското платно или на даските што живот значат. Јас имам снимано и филмови, но и глумено во театарски претстави и подеднакво ги сакам и двете работи. Важно е актерот да се даде во целост во градењето на улогата и вие го имате погодокот. Потребно да сте реални и да излегува од вас емоцијата согласно каква улога толкувате, ако не така, тогаш таа улога не за вас, не важно каде ја одигрувате.

7. Чешката Република за вас знае многу, но дали бевте до сега на кастинг или сте имале соработка со некој режисер од земјата?

По препорака, во Скопје остварив неколку кастинзи, но за жал без успех. Навистина не знам по кои критериуми се одвиваат кастинзите. Желбата постои па се надевам дека во иднина ќе ја оставарм и таа желба да снимам филм во својата татковина.

8. Која е вашата омилена актерка, кој е репер за добар актер?

Тоа дефинитивно е Мерил Стрип, ја сакам затоа што која улога да ја глуми е перфектна во тоа, се гледа дека е посветена на улогата и е темелита и секој детал го има изработено до перфекција. Мислам дека има луѓе кои имаат талент и кои работат на него или не. Човек мора да работи и да се вложува во истото.

9. Кое е вашето животно мото кое ве тера да одите напред кон нови успеси?

Немам некое мото кое ме води напред, јас сум во самата природа амбициозна и сакам да работам и да доживувам успеси, но не по секоја сила, знам да оценам која улога е за мене, а која не, ако чувствувам дека некој проект не треба да го снимам, тогаш знам да кажам не.

10. Реалтивно млада, а премногу успешна, снимате филмови, тв-серии, реклами кои се вашите идни планови, со што ќе ја изненадите македонската публика?

Ме чека снимање на интернационален филм, кој ќе се снима во мај 2020 година, ќе се емитува во Чешка, Словачка, Хрватска, исто ме очекува и снимање на интернационален филм, како и снимање серија за Netflix.

11. Што ќе им порачате на сите кои го читаат ова интервју?

Само бидете свои и бидете задоволни од себе, само тогаш ќе имате успех. Гушки од Прага.