СЕМЕЈСТВОТО ТАШКИНЛАР
Двајца браќа родени во Прилеп останале сирачиња во почетокот на 20 век. Нивниот татко бил заробен во времето на балканските војни, а мајката ја загубиле додека биле многу мали. Рамиз Ташкинлар и неговиот брат во 1915 година имигрирале во Турција кај својата баба. Тие прво живееле во Алачати, потоа во Истанбул и Адапазар, пред да […]
Двајца браќа родени во Прилеп останале сирачиња во почетокот на 20 век. Нивниот татко бил заробен во времето на балканските војни, а мајката ја загубиле додека биле многу мали. Рамиз Ташкинлар и неговиот брат во 1915 година имигрирале во Турција кај својата баба. Тие прво живееле во Алачати, потоа во Истанбул и Адапазар, пред да се преселат во Акхисар, каде што живеел нивниот чичко. Таму работеле во неговата кафеана, а потоа служеле војска во Истанбул, каде што една година, ноќе и во викендите, работеле во најдобрите ресторани во тоа време. Kога се вратиле во Акхисар почнале да ги прават познатите ќофтиња или кај нас познати како ќебапчиња, слични на тие што ги правеле и се уште ги прават во Македонија.