Слободан Дане Капевски е академски сликар, докторирал ѕидно сликарство и повеќе од три децении е присутен во светската уметност и во уметничките галерии од Тајпеј на Тајван се до Лос Ангелес, САД.
Македонскиот уметник со постојано место на живеење во Германија, и натурализираниот Германец на привремен престој во Македонија, веќе четири години престојува во Скопје – на Матка.
По дипломирањето на Факултетот за ликовна уметност во Белград во 1981 година, се вратил во Скопје и кратко време работел во Археолошкиот музеј. Пресуден момент беше одморот во Хвар каде што сликал портрети за туристи и така вадел пари за престој, таму некаде во втората половина на 80-тите, каде што се запознал со личноста која го убедила да замине и да се опроба во Германија.
„Тоа е друг свет. Таму препознаваат и имаат разработен систем како да го „откријат“ талентот, да го мотивираат, да го продадат и соодветно (богато) да го наградат,“ вели Капевски. Успехот дојде бргу и првиот милион го заработил кога бил ангажиран да наслика мурал во Манчестер во Англија.
Некаде на 13-годишна возраст бил член на првиот ВИС (вокално инструментален состав), потоа следувала „Карамела“ македонска група со која во 80-тите снимаше плочи, одржуваше концерти. По заминувањето во Германија, и таму оформи група со исто име, издадоа албуми, правеа свирки. Тоа се се случувало на маргините на главната преокупација – сликарството.
До „Отто“, скулптура направена од отпадно железо, висока 13,8 метри и тешка 7,8 тони, тој ја смета за свое највеличествено дело поставено во  Реда Виденбург, Германија. Ја изградил, „за самодокажување“ за 180 дена.
Свирењето му е во крвта, а сликарството во рацете.