Фарук Незири е роден во 1974 година во Бихач во Босна и Херцеговина, неговата мајка е босанка, а неговиот татко е роден во Чегране. Неговите родители имале слаткарница, каде што Фарук за првпат ги запознава тајните на слаткарскиот занает.

Со големо задоволство говореше за своето работно искуство како и за отворањето на неговиот ресторан „La Perla” во Грац, Република Австрија. Тој повеќе од 25 години работи и живее во Италијаснаката Република и Република Австрија, каде што ги креира своите уметнички дела и ги преточува во најубави јадења, како и за новото враќање во Италијанската Република и отворањето на новиот ресторан во провинцијата Мантова.

  1. Вашата инспиративна биографија и семејна традиција во готвењето ви ги отвори портите во светот, која е тајната за успех во вашата професија?

Тајната за мојот успех е во целокупната поддршка која ја имам од моето семејство, но и желбата  за потребата од работење на оваа професија, а со тоа сонот станува реалност. Оваа професија е своевидна уметност. Моите инструменти се кујнскиот прибор, а како диригент мојот оркестар е персоналот и заедно создаваме уметност…

  1. По долгиот период на работење во Австрија, решивте да се вратите назад во Италија, земјата во која ја почнавте вашата приказна во готвењето, како е да се организиравте по враќањето назад?

Дефинитивно не е лесно, ова не е започнат бизнис од нула, бидејќи јас се вртив назад во Италија, земјата во која предходно работев и функционирав. Многу му должам на овој народ, со кој со години соработувам, но и мојата приказна ја започнав од тука. Токму од таа причина, полесно беше да започнам бизнис тука. И покрај големиот успех во Австрија, сепак поврзаноста со Италија ме натера да се вратам назад. Италија за мене е прв дом.

 

  1. И во Италија за неполни 3 месеци развивте успешна приказна во готвењето. Ќе можете ли да ни ја доближите приказната за почнувањето на бизнисот во Италија по вашето враќање?

Зборувањето за успехот е прерано, но можам да дадам позитивен одговор , бидејќи целокупната ситуација ги надминува моите предвидувања и очекувања. Толку многу што е изненадувачки. По само два месеци бев прогласен за амбасадор на италијанската кујна во Европа. Секако, ова не е најдоброто време да се направат вакви важни инвестиции во Италија, поради економската криза, но амбицијата за мојата работа ја надминува самата.

  1. Што за вас значи Италија, како е да живеете и создавате? Што се е потребно за да го развиете вашиот ресторан за толку краток период?

Гледајте, Италија е земја богата со култура, историја, уметност, музика. Да се развие и разработи еден бизнис за кратко време е невозможно, но потребно е да се биде посветен на идејата и замислата поради која сте го започнале овој бизнис. Целокупниот резултат е последица на голема жртва низ годините.

 

  1. Што ве инспирира при создавањето на уметноста во кујната?

Јас сум уметник, сликам и живеам во светот каде имагинацијата е прва поддршка на креативноста. Благодарение на мојата фантазија истата ја отсликувам во креирањето во мојата кујна, поинаку не би можел. Како велат „Хранењето е најстарата култура во светот”.

 

  1. Како е организирате работата? Како ви започнува денот и како се подготвувате за тековниот работен ден?

Денот започнува со голема организациска посветеност насочена кон самиот ден со смислата свртена кон идните денови, недели и месеци што следат, јас лично одам во потрагата по најдобрите суровини, кои ќе служат за подготовката на нашите јадење. Пред секој почеток на работење го собирам персоналот на брифинг на кој разговараме за тековниот ден, обидувајќи се преку разговор да ги стимулирам нивните професионални вештини, чувството на одговорност и чувството кон уметноста, како и поттик за одлична услуга која мора да е совршена и позитивна. Според мене, тоа е формулата која дава резултат за сите нас, но пред се мора да се разменуваат ставови и мисли помеѓу нас и гостите. Ова е најдобра инвестиција.

  1. По кои принципи и правила ги избирате состојките со кои работите и создавате уметност од јадењето на што ве научи досегашното искуство и знаење во работата?

Секогаш сакам да ги истражувам нештата, па и така за изборот на суровини кои се од важно значење за мене. Потрагата по убаво и нешто квалитетно, ме носи напред и тоа го правам со задоволство. Истражувајќи ги суровините последниве години, се избрани детално и со големо внимание. Научив дека територијата на која што си, ти нуди голем број на продукти кои се важно значе и се препознатливи за регионот. Во случајот со провинцијата Мантова, каде што сум , откривме исклучителни суровини, вклучително и тартуфи, кои стануваат составен и доминантен дел од моите рецепти. Сето ова ја прави нашата кујна многу уникатна и рафинирана, со одличен идентитет што нè води пред времето.

 

  1. Која порака ќе ја испратите до сите оние кои го читаат вашето интервју?

Јас би сакал да кажам многу работи, но со сигурност може да кажам дека Кујната е „ уметност” таа мора да се научи, култивира и да се пренесува на сите нови генерации кои се нашата најголема инвестиција.