Јасна Богдановска
СТУДЕНТИТЕ ВО АМЕРИКА ЌЕ ЈА УЧАТ ГАЛИЧКАТА СВАДБА Јасна Богдановска, редовен професор по фотографија на Универзитетот Рочестер, во државата Њујорк, престојуваше во Галичник за целото време додека траеше Галичката свадба и неуморно ги регистрираше свадбарските обичаи и ритуали, пејзажите на преубавата природа во тој дел на Македонија, архитектурата на куќите, музеите… таа истакнува дека Галичката […]
СТУДЕНТИТЕ ВО АМЕРИКА ЌЕ ЈА УЧАТ ГАЛИЧКАТА СВАДБА
Јасна Богдановска, редовен професор по фотографија на Универзитетот Рочестер, во државата Њујорк, престојуваше во Галичник за целото време додека траеше Галичката свадба и неуморно ги регистрираше свадбарските обичаи и ритуали, пејзажите на преубавата природа во тој дел на Македонија, архитектурата на куќите, музеите… таа истакнува дека Галичката свадба е манифестација која автентично ги негува традициите на свадбарските обичаи и ритуали, на песните и ората и на се она што ни е исконско. Како на професор по фотографија Галичката свадба одамна и бил предизвик, сакала да направи сесија фотографии од сите обичаи и ритуали, изведени оригинално, во прекрасната галичка носија. Преку фотографијата ја проучува Галичката свадба и социолошки и антрополошки. Кога ќе се врати во Америка, уште на првиот час на стдентите ќе им одржи предавање за Галичката свадба, бидејќи за неа целото ова доживување, заедно со прекрасните пејзажи и архитектурата на камените куќи, претставува нешто прекрасно, оригинално, уникатно, неповторливо.