Јосиф Грежловски – Гандето
Јосиф Грежловски Гандето, роден е во Љубојно – Преспа во 1945 година. Од 1964 до 1966 студира на природно- математичкиот факултет во Скопје, а потоа се сели во САД, каде живее до денес. Гандето по професија е писател Дипломира на на државниот универзитет Вејн Стејт, одсек биологија во Детроит, каде ги завршува и постдипломските студии […]
Јосиф Грежловски Гандето, роден е во Љубојно – Преспа во 1945 година. Од 1964 до 1966 студира на природно- математичкиот факултет во Скопје, а потоа се сели во САД, каде живее до денес. Гандето по професија е писател
Дипломира на на државниот универзитет Вејн Стејт, одсек биологија во Детроит, каде ги завршува и постдипломските студии и се стекнува со диплома „мастер оф еџукејшн“.
Во 2002 година ја издава својата прва книга на англиски јазик насловена како: „Разликите помеѓу Античките Македонци и Античките Грци“. Во 2005 го објавува романот исто на англиски: „Еден сончев зрак на карпата“. На македонски јазик ја објавува збирката песни „Муабети“ во 2003 година, романот „Видело на Спаса“ во 2004 година, а во 2006 година ја објавува „Волците од Траперс Блаф“, во 2005 поемата „Ко јагне“. Во 2010 гдина ја издава „Гробот на Росамрина“ за издавачот „Агенција на Република Македонија“
Негова најомилена „дисциплина“ е проучување на античката историја, специјално за македонските кралеви, Филип и Александар.