Најава:  Фарук Незири

момчето кое сакаше да биде познат фотограф, прерасна во успешен уметник во кујната.

Неговата детска игра во слаткарницата на неговите родители, помеѓу  слатките задоволства  од различни вкусови, ароми и бои  и подоцнежната желба за успешен млад фотограф,  го профилира ликот на најуспешниот македонски стручњак во гастрономијата во светот.

Со широка насмевка и ведар лик што повторно е во својата татковина, Фарук Незири како вистински домаќин ги пречека претставниците на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.  Со големо задоволство, говореше за неговото детство,  тинејџерски денови, па се до заминувањето во Италијанската Република и сите успеси  кои таму ги доживеал, како и за отворањето на неговиот ресторан „La Perla во  Грац, Република Австрија.  Тој повеќе од 25 години работи и живее во Италијаснаката Република и Република Австрија, каде што  ги креира своите уметнички дела и ги преточува во најубави јадења.

 Фарук Незири е роден во 1974 година во Бихач во  Босна и Херцеговина, неговата мајка е босанка, а неговиот татко е роден во Чегране. Неговите родители имале слаткарница, каде што малиот Фарук за првпат ги  запознава  тајните на слаткарскиот занает.

  1. Дали семејниот бизнис беше предизвик за да истиот го продолжите и вие?

 Да, така е! Природно е. Благодарение на семејниот бизнис на моите родители уште од најраната возраст, имав можност да помогнам и воедно да го учам  слаткарскиот занаетот. Благодарение на мојот татако, кој беше моја силна поддршка, јас научив многу. Едноставно е.  Јас сум премногу смирен и задоволен кога готвам, тоа е мојот свет каде што уживам и можам да покажам се што знам и умеам. Вложив многу за да успеам и се уште вложувам многу, се со цел да го промовирам овој занает,  кој воедно за мене е и своевидна уметност.

  1. По завршувањето на вашето основно и средно образование, кое е дел  реализирано во Република Босна и Херцеговина, а дел во Република Макеоднија, на релативна рана возраст заминувате од земјата. Што по тоа откако го напуштивте местото во кое го поминавте вашето детство?

Токму така, по завршувањето на средното образование заминав во Италијанската Република. Знаете, ако сакате да успеете морате да вложите труд во она што го работите, да го дадете максимумот од себе, за да ве препознаат. Јас уживам во она што го работам.  По студирањето во Рим на факултетот за угостителство го запознав  Антонио Асторино Франческо, еден од најпознатите  шеф-готвачи на Домот на пратеници, од кого научив многу нешта,  кои до тогаш немав можност да ги научам практично. Тој беше мојата поддршка и  пример како се работи и како се оди нанапред во својата професија. По долго работење и функционирање во Рим се  преселив  во малиот град Асоло на провинцијата Монтова  каде  живеев и работев во ресторанот „La Filanda” .

  1. По завршувањето на факултетот и соработката со Франческо, вас ве следат големи успеси. Добивате  голем број на награди за  вашето готвење, но  воедно ја издадовте вашата книга за готвењето. Можете ли да позборувате за тој дел од вашата кариера?

 Во досегашното мое работење имам добиено голем број награди кои се потврда за мојот труд и работа и кои особено ми се драги, бидејќи ми се потсетник за се она што го имам сработено во минатото. Во 2012 година во Италија ја добив националната наградата за најдобро подготвена морска храна, а во 2013 година ја добив  наградата „Италијански талент во светот”, по оваа  претседателот на Италијанската Република,  Џорџо Наполитано, ми  го додели  италијанско државјанство, како успешен граѓанин на Италијанската Република.  Мојата кариера оди по нагорна линија,   па така во Асола ја претставив својата книга „La cucina e l’arte”, „Кујната и уметноста “, која изобилува со информации и промоција на она што јас го работам во светот.  Сакам да оставам зад себе нешто што ќе биде корисно за сите, а воедно и ќе ја промовира мојата работа.

 

Фарук  Незири е вистински амбасадор на Република Македонија и во Италијаснката Република и во Ррепублика Австрија. Како што изјавува то,,ј секогаш со радост и желба доаѓа во Република Македонија,  посочувајќи  дека сака да биде пример за новите генерации во Македонија, како со труд и работа се постигнува  успех во  своето работење.

Деновите кога не е во својот ресторан сака да ги помине во релаксација, фотографирајќи  различни предели на Италија и Австрија. Негавата некогашна желба за идна професија, станува негово хоби кое го релаксира и одмара од напорните денови.  Запрашан,  дали ќе ги фотографира убавините на Макеонија, Незири со насмевка на лицето посочи дека едвај чека да дојде до еден час слободно време, за да може да фотографира и да ги  понесе со себе фотографии  од Македонија во Австрија.  Покрај ова тој посочува дека слободното време го посветува на неговите најблиски, неговата сопруга, ќерката  и синот.

  1. По 25 години поминати работејќи во Италијанската Република, решивте да заминете во Грац, Република Австрија за да го проширите вашиот бизнис, но и за да споделите дел од своето знаење и искуство со останатите. Зошто ја направивте оваа промена?

 Да, така е! По 25 години поминати во Италија, решив да заминам во Грац Република Австрија, бидејќи сакам нови нешта и нови искуства. Сакам да запознаам нови кујни, но и да дадам дел од своето знаење и вештина. Во 2016 година во Грац го отворив ресторанот „La Perla”, со ова започнав нов почеток на една нова приказна за мене и моето работење.

  1. Како ја доживувате Македонија, вашата татковина, бидејќи многу години сте надвор од земјата? Искрено, многу позитивни чувства понесувам со себе кога заминувам  од Македонија и секогаш сакам да дојдам во Скопје и во моето Чегране. Сепак, еден дел од моето детство и тинејџерски денови ги поминав тука. Знаете, можете да бидете секаде по светот, но дома си  дома.  Едно знам, штом дојде природниот крај на мојата кариера, јас ќе се вратам во моето Чегране, бидејќи сакам мојата старост да ја завршам тука. Нормално дека нема така лесно да се откажам од готвењето и додека ме држи здравјето ќе готвам и во Чегране.
  1. Дали имате во план да отворите ресторан и во Република Македонија, каде ќе можеме да ги вкусиме убавините од вашето готвење?
    Да, сум размислувал на оваа тема многу одамна. Зошто да не, знаете нема бегање од готвењето,  тоа е уметност и страст. На пример, вчера заедно со 35 готвачи, готвевме различни јадења за 50 гости кои беа присутни во овој ресторан каде што го правиме ова интервју. Беше преубаво. Готвевме  различни храни, но сите  бевме среќни и весели и гостите исто така. Знаете зошто? Затоа што сите разговаравме преку јазикот на храната.

 

  1. Што ќе им порачате на нашите иселеници низ светот, но и на сите оние кои живеат и работат во Република Македонија?

 Хм.. Сакам многу нешта да им порачам. Да ја сакаме нашата татковина. На крајот сите имаме контакти и релации со земјата од каде што потекнуваме. Да се почитуваме без разлика на нашата вера, нација или било какава друга определба.  Без разлика дали  живееме во Македонија, Австрија, Италија, Германија, ние мораме да живееме еден со друг, а не еден спроти друг. Само така можеме заеднички да одиме напред.

Со номинација од страна на  глобалната заедница на лидерите на италијански ресторани и членови ITCHEFS-CVCI, ресторанот  „ La Perla”  во Грац, Австрија,  е прогласен за еден од 100 најдобри италијански ресторан во светот, согласно оценката и изборот на MELIUS – глобален форум на најдобрите италијански ресторани низ целиот свет.