Врз основа на член 11, 30, 48 и 49 од законот за административни службеници (Сл.весник на РМ бр. 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл. Весник на РМ 11/2015) и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл. Весник на РМ бр. 35/2018), директорот на Агенцијата за иселеништво донесе

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС број 1/2018

за пополнување на работно место со унапредување

 

  1. Раководител на Одделение за економски работи и реинтеграција на иселеници од Македонија  во Одделението за економски работи и реинтеграција на иселеници од Македонија во Секторот за правни, економски работи и реинтеграција на иселеници од Македонија, со шифра на работно место УПР 01 01 Б04 000 – 1 (еден) извршител.

 

Кандидатите кои аплицираат  на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • Да е државјанин на Република Македонија,
  • Активно да го користи македонскиот јазик,
  • Да е полнолетен,
  • Да има општа здравствена способност за работното место и
  • Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на Агенцијата за иселеништво:

 

  • Стручни квалификации:
  • ниво на квалификациите VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Економски науки,
  • најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор,

 

Посебни работни компетенции:

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

– познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски),

– положен испит за административно управување.

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во истата институција, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во овој закон и во актот за систематизација како и:

– да е оценет со оцена „А” или „Б“ при последното оценување,

– да е на работно место кое согласно актот за систематизација на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,

– да поминал најмалку две години на тековното работно место и

– да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

Рокот за доставување на пријавите изнесува 10 (десет) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Дневно работно време од 7,30 /08.30 до 15.30 /16,30 часот

Работни Денови: Понеделник до Петок

Неделно работно време : 40 (четириесет) часа

Паричниот нето износ на збирот од делот од основната плата со кој се вреднува степенот на образование и додаток на плата за звање изнесува 28.303,00 денари.

Заинтересиранте административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Агенцијата за иселеништво до Одделението за човечки ресурси на адреса ул. Македонија бр. 19 Скопје како и до службената електронска адреса info@minisel.gov.mk со назнака “за интерен оглас“.

Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледувањe.

Постапката ќе ја спроведе Комисијата за селекција за унапредување формирана од страна на директорот на Агенцијата за иселеништво.

Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

Превземи образец за пријава