Во просториите на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, директорот Никола Шалваринов имаше можност да се запознае со Јорде Петровски, иселеник од Република Македонија кој долги години живее и работи во Австралија. Г-дин Петровски имаше можност да го информира директорот Шалваринов за неговото долгогодишно работење во културата како писател и режисер преку Австралиско-македонскиот драмски театар - Сиднеј. Г-дин Петровски по потекло е од Штип, а по професија е правник. Директорот Шалваринов се заблагодари за неговата посета и посочи дека Агенцијата за иселеништво дава силна поддршка на сите поединци кои се залагаат за промоција на македонската култура во земјите на нивното живеење.
#Соопштенија #Култура #Австралија
... Види повеќеВиди помалку

Види повеќе