Home Иселенички СтраниЕвропа Културен настан во Улм, при Македонскиот клуб „Кирил и Методиј“

Културен настан во Улм, при Македонскиот клуб „Кирил и Методиј“

by Марко Стоименовски
16 views

Претставници од Агенцијата за иселеништво на 16 септември 2023 година присуствуваа на манифестацијата „50 години културно творештво на Соња Таировска Дурчак“, поддржана од страна на Македонскиот клуб „Кирил и Методиј“ во Улм, Германија.

Настанот се одржа во просториите на клубот, во центарот на Улм, во присуство на голем број гости, македонска трпеза и музика.

Во делот на програмата претставниците од Агенцијата за иселеништво, од име на директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, се заблагодарија на поканата и упатија честитики до поетесата Дурчак и клубот „Кирил и Методиј“ за негување на македонската култура и јазик во Улм.

Во знак на благодарност за соработка од страна на Агенцијата за иселеништво беше доделена плакета на претседателот на клубот Ангел Петровски.

Програмата беше збогатена со читање поезија на македонски и германски јазик и обраќања и поздрави од страна на претставниците на Агенцијата за иселеништво, домаќините, раководството на клубот и гостите.

На настанот присуствуше градоначалникот на општина Улм, г-дин Гинтер Циш, со советници и претставници од општината. Г-дин Циш ги поздрави присутните и го истакна значењето на ваквите културни настани за интеграцијата на Македонците во Германското општество, воедно ја поздрави Агенцијата за иселеништво за грижата кон своите иселеници и информира за Културната вечер во Улм која се одржа на 16 септември во сите културни центри.

Претставниците од Агенцијата за иселеништво од име на директорот, Слободан Близнаковски, упатија благодарност до градоначалникот, г-динот Циш, за неговото присуство, поддршката на нашите иселеници во градот Улм и околината и општо до Сојузна Република Германија која го препозна македонскиот народ како мирољубив, вреден и работлив и  широко ги отвори вратите за сите кои одлучија да живеат и работат таму. На градоначалникот Циш претставниците од Агенцијата за иселеништво му подарија кукла во народна македонска носија.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!