Промовирање на македонската култура во Сиднеј на ФЕСТИВАЛОТ DISCOVERY ВО ОПШТИНАТА GEORGES RIVER

На овогодишниот фестивал за уметност Discovery во градската општина Georges River во Сиднеј што трае од 21 септември до 27 октомври, македонската заедница и култура се застапени со неколку културни програми со кои се промовира македонскиот јазик, литературата, филмската уметност и македонската култура воопшто. На отворањето на Фестивалот настапија Душан Ристевски, Иван Трпоски и Валентина Апостоловска како дел од промовирање на активностите на Литературното друштво „Григор Прличев“ и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. На 22 септември Душан Ристевски настапи на Форумот на писатели при што зборуваше за 40 годишните постигнувања на Литературното друштво под тема „Нашиот јазик, нашата култура“. Јубилејната прослава на Литературното друштво е дел од овој Фестивал и истата се одржува на 19 октомври на која ќе се промовираат неколку книги и наградат дела со Прличева награда. Во склопот на Фестивалот се одржува и 4-тиот Македонски филмски фестивал и два дена на 20 и 21 октомври ќе се прикажат повеќе македонски краткометражни и долгометражни филмови од Австралија и Македонија, а воедно ќе има и фотографска изложба. На завршниот дел на програмата на 27 октомври, членови на Литературното друштво ќе настапат со своја поезија на Писателската средба што се одржува во Музејот - Carss Cottage Museum.
#Вести #Австралија
... Види повеќеВиди помалку

Види повеќе