Го паметиме по хитовите „Ќе ми треба магија”, „Низ оган поминувам”. Беше дел од групата „Магија” во далечната 1998 година. Беше миленик на тинејџерите. Од 2014 година живее и работи во Канада, таму го има своето музичко студио Глобал Мјузик Ентертејмент. Интервју со познатиот музичар Јован Јованов.

1. Завршивте во средното музичко училиште „Илија Николовски- Луј”, а дипломиравте на Факултетот за музичка уметност во Скопје, своите професионални почетоци во музиката ги започна со култната група „Магија” во далечната 1998 година, нижевте голем број на успеси, но и го печевте занаетот, што ве научи овој период, кои искуства ве изградија како музичар?

- Откако знам за себе правам песни, учам се што е поврзано со музика, се надградувам и живеам за музиката. Започнав професионално да се занимавам како тинејџер и сега имам 20 годишно професионално искуство во музичката индустрија кое многу значи поготово тука на америчкиот континент. Се уште учам и се уште се усовршувам. Пред 5 години во Холивуд учев за Соунд Инжинер, кое дополнително придонесе за мене како музички продуцент.

2. МакФест, Скопски фестивал, се фестивалите на кои имавте настапувано, но и компонирано и за истите добивте и награди, настапувавте со групата Магија, „Ти ме сакаш", заедно со Маја Саздановска (2005) и „Не планирам", во изведба на Ламбе Алабакоски (2010). За композициите „300 години", во изведба на Адријан Гаџа (2005), „Ќе те чекам јас" во изведба на Ламбе Алабаковски (2013) и „Без тебе тивко умирам” во изведба на Next Time (2008). Освен тоа, добитник сте и на трети награди за композициите „Да те видам пак" (2003), „Се на свое место", во изведба на Зоран Стаменковски (2006) и „Некаде по 2" во изведба на Елвир Мекиќ (2007), и други... Колку имаме квалитетни фестивали, но и пејачи кои можат да ги пренесат композициите?

- Ние од секогаш сме имале квалитетни пејачи и имаме, но за жал немаме голема музичка индустрија за сето тоа да се доведе на едно светско ниво. Во последниве 30 години можам да кажам дека Макфест има највеќе допринесено во македонската поп музика. Но за жал веќе одамна фестивалите од тој тип во целиот свет се излезени од тренд. Во последниве 15 години најуспешни се фестивалите на одредени жанрови како што е Електро Денс Музика и Хип Хоп. Моментално тоа е музиката што е најслушана и најпродавана во светот. Затоа не можеме да очекуваме повторно да направат голем успех фестивалите во Македонија, како што е Макфест, доколку се задржат во ист правец како и до сега. Времето се менува и промените се неопходни за континуиран успех. Добро е да ги има, но како тргнала работата со Не подржување на македонската музичка култура од страна на Министерството за Култура, мислам дека ништо нема ни да остане. Многу голем проблем беше 20/30 илјади евра годишно министерството да поддржи македонски бренд.

3. Што за вас значеше Евровизија и колку ви помогна учеството во тимот на неколку Евровизии, дали по ваквите претставувања, се отвораат нови ангажмани? Дали би ве виделе како композитор на некој песна, која ќе ја претставува нашата земја во иднина?

- Евровизија е големо искуство за сите автори и пејачи. Јас ја имав таа среќа уште на 22 години да одам прв пат на Евровизија со Тоше, па подоцна со Некст Тајм и Влатко. Сега не сум насочен толку на македонската естрада и не знам дали и кога би се случило да правам песна за Евровизија. Јас досега не сум имал прилика да направам песна како што јас мислам дека треба. Сите мои песни биле по желба и стил на изведувачите. Не сум имал прилика да ми се нарача песна како што јас сакам. Така да целата ситуација со изборот на песна за Евровизија е комплицирана и зависи од многу фактори.

4. Во моментов сте во Канада, таму извесен период живеете и работите, како што велите конечно ви се оствара вашиот животен сон да живеете и создавате во Америка или Канада, од 2014 година сте таму, како е да се живее и работи во Канада, како се прилагодивте и како се снајдовте со вашето работење? Како е да се работи таму, како успеавте да почнете се од почеток?

- Можам да кажам дека прилично брзо се прилагодив. Ми се допаѓа начинот на живот, работам тоа што сакам, правам песни какви што од секогаш сум слушал и сакал. Си го наоѓам патот и за сега сум задоволен. Скоро 2 години имам и студио тука подобро и поголемо три пати него што ми беше во Скопје. На почетокот нормално дека беше тешко да се почне се од почеток. После голема кариера како композитор и продуцент дојдов на место каде што никого не познавав од музичкиот свет. Треба многу упорност овде, работа и талент.

5. Со сопругата Николина, ја имате малата шестгодишна ќерка Малеа, како се прилагоди на промените вашата ќерка? Покажува ли афинитети кон музиката?

- Малеа брзо се прилагоди. Кога дојдовме имаше само 3 години. Музикална е но сепак ќе видиме во иднина дали ќе покаже интерес да се занимава со музика професионално.

6. Во Канада основавте и Центар за развој на музички уметници или музичка продукција. Основната цел на овој центар е развој на уметници кој ќе ги подготви аспирантите за кариера во музичкиот бизнис.. Овој центар врши обука на уметници во музичката индустрија, маркетинг, социјални медиуми и помош за брендирање, студио за снимање, вокални часови, перформанси и сценска обука, кореографи, пишување песни и лекции за музика од креативниот уметник во тебе, колку преку овој Центар, успеавте да ги реализирате целите за кој постои, колку стекнатото искуство од дома, можете да го примените таму?

- Глобал Мјузик Ентертејмент е името на мојата продукција тука. Имам супер тим. Професионални луѓе во музичката индустрија, кои се занимаваат долги години со оваа професија. На мојот вебсајт ги има сите за да не ги набројувам. Организираме разни работилници за нови артисти, на кој им треба помош да ја разберат оваа индустрија. Како да започнат и да ја реализираат својата цел. Имаме доста нови таленти на кои работиме. Од познати имиња во Канада моментално соработувам со Алекс Велиз.

7. Би се вратиле назад во Скопје? Што ви недостига од дома?

Нормално дека би се враќал од време на време на гости. Искрено си се чудам некогаш како можев 30 години таму да живеам и да се замарам со работи што сум се замарал. Како и да е, има доста луѓе што ми недостасуваат. Иако сме во контакт преку социјални мрежи сепак би сакал да ги видам.

8. Што ќе им порачате на сите оние кои го читаат ова интервју?

Би им препорачал да го прават тоа што ги прави да се среќни. Да веруваат во себе и да не се замараат со туѓите животи. Убавите работи доаѓаат само кога знаеш што сакаш и работиш на тоа.

За подетални информации за работењето на Јован Јованов на следните линкови:

www.jovanjovanov.com
www.globalmusicent.com

#Канада
... Види повеќеВиди помалку

Го паметиме по хитовите „Ќе ми треба магија”, „Низ оган поминувам”. Беше дел од групата „Магија” во далечната 1998 година. Беше миленик на тинејџерите.  Од 2014 година живее и работи во Канада, таму го има своето музичко студио Глобал Мјузик Ентертејмент. Интервју со познатиот музичар Јован Јованов.

1. Завршивте во средното музичко училиште „Илија Николовски- Луј”, а дипломиравте на Факултетот за музичка уметност во Скопје, своите професионални почетоци во музиката ги започна со култната група  „Магија” во далечната 1998 година, нижевте голем број на успеси, но и го печевте занаетот, што ве научи овој период, кои искуства ве изградија како музичар?

- Откако знам за себе правам песни, учам се што е поврзано со музика, се надградувам и живеам за музиката. Започнав професионално да се занимавам како тинејџер и сега имам 20 годишно професионално искуство во музичката индустрија кое многу значи поготово тука на америчкиот континент. Се уште учам и се уште се усовршувам. Пред 5 години во Холивуд учев за Соунд Инжинер, кое дополнително придонесе за мене како музички продуцент. 

2. МакФест, Скопски фестивал, се фестивалите на кои имавте настапувано, но и компонирано и за истите добивте и награди, настапувавте со групата Магија, „Ти ме сакаш, заедно со Маја Саздановска (2005) и „Не планирам, во изведба на Ламбе Алабакоски (2010). За композициите „300 години, во изведба на Адријан Гаџа (2005), „Ќе те чекам јас во изведба на Ламбе Алабаковски (2013) и „Без тебе тивко умирам” во изведба на Next Time (2008). Освен тоа, добитник сте и  на трети награди за композициите „Да те видам пак (2003), „Се на свое место, во изведба на Зоран Стаменковски (2006) и „Некаде по 2 во изведба на Елвир Мекиќ (2007), и други... Колку имаме квалитетни фестивали, но и пејачи кои можат да ги пренесат композициите? 

- Ние од секогаш сме имале квалитетни пејачи и имаме, но за жал немаме голема музичка индустрија за сето тоа да се доведе на едно светско ниво. Во последниве 30 години можам да кажам дека Макфест има највеќе допринесено во македонската поп музика. Но за жал веќе одамна фестивалите од тој тип во целиот свет се излезени од тренд. Во последниве 15 години најуспешни се фестивалите на одредени жанрови како што е Електро Денс Музика и Хип Хоп. Моментално тоа е музиката што е најслушана и најпродавана во светот. Затоа не можеме да очекуваме повторно да направат голем успех фестивалите во Македонија, како што е Макфест, доколку се задржат во ист правец како и до сега. Времето се менува и промените се неопходни за континуиран успех. Добро е да ги има, но како тргнала работата со Не подржување на македонската музичка култура од страна на Министерството за Култура, мислам дека ништо нема ни да остане. Многу голем проблем беше 20/30 илјади евра годишно министерството да поддржи македонски бренд. 

3. Што за вас значеше Евровизија и колку ви помогна учеството во тимот на неколку Евровизии, дали по ваквите претставувања, се отвораат нови ангажмани? Дали би ве виделе како композитор на некој песна, која ќе ја претставува нашата земја во иднина?

- Евровизија е големо искуство за сите автори и пејачи. Јас ја имав таа среќа уште на 22 години да одам прв пат на Евровизија со Тоше, па подоцна со Некст Тајм и Влатко. Сега не сум насочен толку на македонската естрада и не знам дали и кога би се случило да правам песна за Евровизија. Јас досега не сум имал прилика да направам песна како што јас мислам дека треба. Сите мои песни биле по желба и стил на изведувачите. Не сум имал прилика да ми се нарача песна како што јас сакам. Така да целата ситуација со изборот на песна за Евровизија е комплицирана и зависи од многу фактори. 

4. Во моментов сте во Канада, таму извесен период живеете и работите, како што велите конечно ви се оствара вашиот животен сон да живеете и создавате во Америка или Канада, од 2014 година сте таму, како е да се живее и работи во Канада, како се прилагодивте и како се снајдовте со вашето работење? Како е да се работи таму, како успеавте да почнете се од почеток? 

- Можам да кажам дека прилично брзо се прилагодив. Ми се допаѓа начинот на живот, работам тоа што сакам, правам песни какви што од секогаш сум слушал и сакал. Си го наоѓам патот и за сега сум задоволен. Скоро 2 години имам и студио тука подобро и поголемо три пати него што ми беше во Скопје. На почетокот нормално дека беше тешко да се почне се од почеток. После голема кариера како композитор и продуцент дојдов на место каде што никого не познавав од музичкиот свет. Треба многу упорност овде, работа и талент. 

5. Со сопругата Николина, ја имате малата шестгодишна ќерка Малеа, како се прилагоди на промените вашата ќерка? Покажува ли афинитети кон музиката?

- Малеа брзо се прилагоди. Кога дојдовме имаше само 3 години. Музикална е но сепак ќе видиме во иднина дали ќе покаже интерес да се занимава со музика професионално. 

6. Во Канада основавте и Центар за развој на музички уметници или музичка продукција. Основната цел на овој центар е развој на уметници кој ќе ги подготви аспирантите за кариера во музичкиот бизнис.. Овој центар врши обука на уметници во музичката индустрија, маркетинг, социјални медиуми и помош за брендирање, студио за снимање, вокални часови, перформанси и сценска обука, кореографи, пишување песни и лекции за музика од креативниот уметник во тебе, колку преку овој Центар, успеавте да ги реализирате целите за кој постои, колку стекнатото искуство од дома, можете да го примените таму?

- Глобал Мјузик Ентертејмент е името на мојата продукција тука. Имам супер тим. Професионални луѓе во музичката индустрија, кои се занимаваат долги години со оваа професија. На мојот вебсајт ги има сите за да не ги набројувам. Организираме разни работилници за нови артисти, на кој им треба помош да ја разберат оваа индустрија. Како да започнат и да ја реализираат својата цел. Имаме доста нови таленти на кои работиме. Од познати имиња во Канада моментално соработувам со Алекс Велиз. 

7. Би се вратиле назад во Скопје? Што ви недостига од дома?

Нормално дека би се враќал од време на време на гости. Искрено си се чудам некогаш како можев 30 години таму да живеам и да се замарам со работи што сум се замарал. Како и да е, има доста луѓе што ми недостасуваат. Иако сме во контакт преку социјални мрежи сепак би сакал да ги видам.

8. Што ќе им порачате на сите оние кои го читаат ова интервју?

Би им препорачал да го прават тоа што ги прави да се среќни. Да веруваат во себе и да не се замараат со туѓите животи. Убавите работи доаѓаат само кога знаеш што сакаш и работиш на тоа. 

За подетални информации за работењето на Јован Јованов на следните линкови:

www.jovanjovanov.com
www.globalmusicent.com

#КанадаImage attachmentImage attachment

 

Коментирај на Facebook

💋💋💪💋💋💋❤

Bravo ako te nosi pat nakai Australia javi se

Bravo 👏 Jovan jovanov 😘💕

Види повеќе