НОВ ЗЕЛАНД

2006

Податоците за македонските иселеници во Нов Зеланд  според пописот од 2006 година изведен од Statistics New Zealand може да се најдат на нивната WEB  страница http://www.stats.govt.nz . Според податоците од Statistics New Zealand во Нов Зеланд живеат 597 иселеници од Македонија.


2001

Информациите за бројот на македонските иселеници во Нов Зеланд се од Statistics New Zealand и се извлечени од Пописот извршен во 2001 година. Во Пописот се заведува земјата на раѓање, години на престој во Нов Зеланд, етничка припадност, јазик и др.

Вкупно 591 лице изјавиле дека се родени во Македонија.

Следува бројот на години на живеење во Нов Зеланд. Поголемиот број од нив пристигнале пред помалку од 5 години.

621 лице се изјасниле дека знаат да зборуваат македонски јазик.

Попис од 2001 година:

Години на престој во Нов Зеланд:

Место на раѓање: Република Македонија

Години од пристигнување во Нов Зеланд – вкупно Македонци

Помалку од 1 година – 51

1 година – 54

2 – 4 години – 297

5 – 9 години – 135

10 – 14 години – 12

15 или повеќе години 30

недефиниран одговор – 3

неизјаснети – 9

вкупно – 591

За поподробни информации можете да се обратите на следната адреса: Statistics New Zealand

Private Bag 4741

Christchurch

tel: ++ 03 374 8771, 374 8700

fax: ++ 03 374 8864