ПРОГРАМА
за активностите на Агенцијата за иселеништво за 2018 година

Приоритетите и целите на Агенцијата за иселеништво се реализираат во 3 програми:
1. Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
2. Мапирање на дијаспората
3. Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Македонија

Конкретните активности на Агенцијата за иселеништво поделени помеѓу организационите единици се прикажани во оваа посебна Програма за работа.

I. Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
1.Поттикнување за изучување и зачувување на македонскиот јазик меѓу иселениците преку различни активности и организирање Летна Школа за македонски јазик во Република Македонија за децата на иселениците од Македонија во соработка со Министерството за образование и наука.

2. Учество на манифестација ,,Струшки вечери на поезијата на која Агенцијата ја доделува наградата ,,Стојан Христов,,.за најдобра книга поезија напишана од поет иселеник од Македонија

3.Подготовка и печатење на едукативна сликовница за учење на мајчин јазик од страна на најмладата популација иселеници од Македонија.

4.Промовирање на македонската култура и културата на етничките заедници од РМ во средините каде што живеат иселениците (изложби, концерти, литературни настапи и слично), во соработка со Министерството за култура и активности поврзани со организирање културни настани и средби од повеќе области во Република Македонија на кои ќе бидат претставени иселениците од Македонија

5.Изработка и дистрибуција на печатени и електронски промотивни материјали за потребите на иселениците и иселеничките организации

II. Мапирање на дијаспората

Континуирано ажурирање на електронската база на податоци за истакнати иселеници од сите области по потекло од Македонија
Ажурирање на контакт електронски пошти од иселенички организации и зголемување на адресите на електронска пошта на иселеници поединци и иселеничките организации.
Посета на соодветни органи во регионот
Посета на иселенички организации

III. Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Македонија

1.Изготвување на печатен и електронски материјал со содржини кои се од интерес за иселениците

2.Одржување на форуми на иселеници според одделни професии.

3.Одржување на системска мрежа со подрачните единици на централната власт, со локалните власти и Заедницата на локална самоуправа, се со цел информирање на иселениците за економските потенцијали на Република Македонија по стопански гранки и можноста за инвестирање,

4.Воспоставување и одржување на портал за инвестициските можности во реалниот сектор, на ниво на сите плански региони / општини во соработка со Агенција за странски инвестиции и МНР, Министерство за локална самоуправа и центри за развој на плански региони

6.Реализација на проекти за осознавање на особеностите на повратниците од странство во соработка со Министерство за локална самоуправа- Континуирано

7.Креирање на програми за реинтеграција на повратниците од странство, согледување на обемот и структурните белези на повратниците кои повторно заминале во странство, на регионално ниво во соработка со Министерство за локална самоуправа –Континуирано

8. Фудбалски турнири на млади фудбалери од клубови во странство и македонски клубови

Никола Шалваринов
Директор