Организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија
Во Агенцијата постојат два Сектори и тоа:
- Сектор за правни, економски работи , реинтеграција на иселеници од Македонија
Во Секторот за правни, економски и општи работи се вршат следниве работи: стручна обработка на законските и подзаконските прописи на Македонија и запознавање на иселениците со нив, информирање на иселениците за економските состојби во Македонија со можност за нивно вклучување во економските текови во земјата, давање информации на иселениците за нивната реинтеграција како и нивно упатување до до надлежните институции во земјата.
2.Сектор за одржување и унапредување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој на иселениците
Во Секторот за одржување и унапредување на врските со иселеништвото се вршат следниве работи: одржување на редовни контакти со иселенички организации и иселеници поединци, брзо информирање на иселениците по електронски пат и други медиуми, издавање на книги и брошури кои се од интерес за иселениците, вклучување на иселениците во јавниот и културниот живот во Македонија, помагање на нивниот културен развој во земјите во кои живеат и збогатување на библиотеките на иселеничките организации.
Во Секторот за правни, економски и општи работи има две одделенија и тоа:
– Одделение за правни и општи работи
Во Одделението за правни и општи работи се вршат следниве работи: стручна обработка на прописите, законите и општите акти и запознавање на иселениците со нив, проучување на делови од законската регулатива на земјите во кои живеат иселеници од Македонија кои се од нивен интерес, постојано следење на прописите од финансиско-економска природа и запознавање на иселениците со истите, организирање на хуманитарни акции и донации од иселениците.
– Одделение за економски работи и реинтеграција
Во Одделението за економски работи и реинтеграција са вршат следниве работи: следење, проучување и презентирање на економските прописи на Интернет страницата на Агенцијата, информирање на иселениците за можностите за регистрирање трговско друштво во Македонија, нивно информирање за можностите за инвестирање во земјата, поврзување на иселениците со надлежните органи во земјата: Министерство за економија, Министерство за финансии, банкарските институции, Стопанските комори, создавање услови за реинтеграција на Македонија и нивно вклопување во јавниот, културниот и економскиот живот во земјата.
Во Секторот за одржување и унапредување на врските со иселеништвото има две одделенија и тоа:
– Одделение за комуникација и информирање;
Во одделението за информирање се вршат следниве работи: информирање на иселениците преку Интернет страницата на Агенцијата (нејзино уредување, ажурирање, подготовка и избор на сите нејзини содржини); информирање преку периодично информативно списание (негова подготовка, издавање и дистрибуција); соработака со информативните агенции, печатени и електронски медиуми во Македонија; администрирање на електронската пошта; техничка подготовка за издавање на книги, брошури, видео и аудио записи за потребите на иселениците, и оджување редовни контакти и комуникации со иселеничките организации преку пошта, електронска пошта, Интернет страницата на Агенцијата, телефон и сл.; дневно ажурирање и обработка на содржините од обавените контакти (добиена информација, поставено прашање, совет, услуга) нивно доставување до другите одделенија во Агенцијата или до другите институции во државата; средување на целокупната кореспонденција; чување на базите на податоци како за иселеничките организации така и за истакнати поединци.
– Одделение за културен развој на иселениците
Во одделението за културен развиј на иселениците се вршат следниве работи: информирање на иселениците за сите области од културниот живот во Македонија и нивно вклучување во јавниот и културен живот во државата; помагање на културниот развој на иселениците во средините во кои тие живеат со поттикнување на активности преку организирање на литературни друштва, радио станици, весници, спортски друштва и со организирање изложби, промоции на книги и сл.; презентирање на македонската култура во средините во кои тие живеат; дневно собирање и дистрибутирање на информации за настани од културниот живот во земјата и иселеничките средини и нивно пласирање на Интернет страницата на Агенцијата.
Стратешки план на Агенцијата за иселеништво
Правилник за внатрешна организација
Органограм за внатрешна организација
Правилник за систематизација на работните места
Годишна сметка на основен буџет за 2017 година
Годишна сметка на самофинансирачки активности за 2017 година
Никола Шалваринов nikola.shalvarinov@minisel.gov.mk 071 355 804 |
|
Заменик директор на Агенцијата за иселеништво Осман Шукриу osman@minisel.gov.mk 075 350 203 |
|
Раководител на Сектор за одржување и унапредување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој на иселениците
Билјана Костова biljana@minisel.gov.mk 075 217 205
Раководител на Одделение за комуникација и информирање Искра Тројачанец Најденовска iskra@minisel.gov.mk 075 385 657 Зоран Спасов – Советник за информирање zoki@minisel.gov.mk Зоран Арсов – Советник за комуникација и соработка zoran@minisel.gov.mk Ацо Павлоски – Самостоен референт за прием, средување и евиденција на документација acop@minisel.gov.mk
Раководител на Одделение за културен развој на иселениците Дора Ангелова dora@minisel.gov.mk 075 383 672 Нусрет Ковачи – Соработник – преведувач nusret@minisel.gov.mk Мирвете Лимани – Помлад соработник за култура на иселеници од албанско етничко потекло mirvete@minisel.gov.mk Ибраим Синани – Помлад референт за водење на евиденција и средување на библиотека ibraim@minisel.gov.mk
Раководител на Сектор за правни, економски работи , реинтеграција на иселеници од Македонија Виолета Секулова vikis@minisel.gov.mk 075 358 834
Одделение за правни и општи работи Везирет Шахини – Помлад соработник за правни и општи работи shahini@minisel.gov.mk Ганимете Идризи – Помлад соработник за човечки ресурси ganimete@minisel.gov.mk Ленка Манчевска – Архивар и технички секретар на директорот lenka@minisel.gov.mk
Одделение за економски работи и реинтеграција на иселеници од Македонија Снежана Лазевска Ѓорѓиевска- Советник за економски работи snezana@minisel.gov.mk Сузана Чесмаџиска – Самостоен референт за реинтеграција на иселеници од Македонија suzana@minisel.gov.mk
Раководител на Одделение за финансиски прашања Вангелија Којзаклиева vangelija@minisel.gov.mk 075 383 749 Јагна Трајкова – Советник за финансиско материјално работење jagna@minisel.gov.mk |