#Европа

Здружение на граѓаните од македонското национално малцинство за Нишавската околија „Вардар“
Ниш го обележи еден од најголемите празници на македонскиот народ, со прием за представниците на локалната самоуправа, институциите за култура, бројни соработници, сонародници и членови на здружението, со подршка на Националниот совет на македонци во Србија и на Градската општина Медијана. На приемот на присутните се обратија третиот секретар на Амбасадата во Белград, Драган Митревски и претседателот на здружението Благе Петрушевски, а беа врачени и признанија за установи и поединци кои го подржуваа здружението во досегашната работа.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

#Европа

Отворање на изложба на ден 28.06.2019 во 12.00 часот на Нишавском кеју (спроти ресторан "Гусар"). Здружение На Македонците Вардар-Ниш
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Отворање на изложба на ден 28.06.2019 во 12.00 часот на Нишавском кеју (спроти ресторан Гусар). Здружение На Македонците Вардар-Ниш
#Европа

По повод крајот на учебната 2018/2019 година и завршувањето на спортската сезона, на ден 16 јуни 2019 година (недела) од 14:00 до 20:00 часот на спортското игралиште во Гамбароњо заедно со претседателот на Фудбалскиот клуб „Македонија“ беше организиран заеднички спортски ден на учениците и фудбалерите на ФК „Македонија“. Претседателот Мите Петров на сите учесници им даде маици од Фудбалскиот клуб „Македонија“, а на победничките екипи им додели пехари за учество на турнирот. Наставничката по македонски јазик Ане Тимовска-Митева ја оцени учебната 2018/2019 година за упешна година и на учениците им посака успеси во иднина.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Завршна приредба на дел од учениците кои ја посетуваат дополнителната настава на македонски јазик во Берлин. Честитки за учениците и наставничката Ана Матовска-Смилевска за успешно реализираната учебна година. Агенцијата за иселеништво и во иднина ќе дава поддршка во реализација на дополнителната настава за изучување на мајчиниот јазик.

#ЕвропаImage attachment

Коментирај на Facebook

Благодарност до Агенцијата за иселеништво за прекрасната соработка и несебичната поддршка за изведување на дополнителната настава во Берлин!

Честитки Ана 😘😘😘

Честитки за учениците, а респект за учителката Ана,која е пример како треба со дечиња да се работи.Убав распуст и многу успех понатаму.

Cestitki Ana i uste mnogu uspesi vo idnina

Cestitki Ana, gordost nasa ❤️💕❤️💕

Uspesi vo idnina Ana ti posakuvam! Prekrasno za kraj na ovaa ucebna godina!

Chestitki i za decata i ucitelkata!💐

Imajte ubav raspust !!!

+ Види повеќе коментари

Честитки за успешната реализација на изминатата учебна година за учениците во Хамбург, Хановер, Бремен, каде што изучуваат дополнителна настава за македонски јазик. Преку едукативен и забавен карактер, а со поддршка на наставничката Аниса Трпчевска, се реализираше уште една учебна година. Агенцијата за иселеништво и во иднина ќе дава поддршка во реaлизација на дополнителната настава за изучување на мајчиниот јазик.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

#ЕвропаImage attachment

Директорот на Агенцијата за иселништво Никола Шалваринов во својот кабинет имаше работна средба со Џенгиз Туркгелди и Мурат Мете од Измир, иселеници од Горно Врановци. На средбата директорот Шалваринов ги запозна присутните со работењето на Агенцијата за иселеништво, како и со досегашните и идните проекти кои се од заеднички интерес на сите иселеници и иселенички организации. Присутните се заблагодарија за реализираната средба и воедно посочија дека им е чест и задоволство да ја посетат земјата од каде се нивните корени. Г-динот Мете посочи дека за скоро време ќе се пресели и ќе живее со своето семејство, а неговите деца ќе имаат можност да се школуваат и да го изучуваат македонскиот јазик.

Завршна манифестација во Нова Горица. Доделување Потврди на дел од учесниците кои успешно ја завршија дополнителната настава по македонски јазик во Република Словенија. Благодарност до наставничката Снежана Катарова за несебичната поддршка и заложба. Агенцијата за иселништво и во иднина ќе даде поддршка на сите иселеници и иселенички организации кои се залагаат за промоција на македонската историја, традиција, култура и јазик.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

Благодарност до Агенцијата за иселеништво која во текот на годината не подржуваше .

Браво 👏👏👏

По повод Интернационалниот ден на црквите, во Штутгарт, се реализираше промотивен настан на кој учествуваа 15 Цркви од целиот свет. Со свој посебен штанд, учествуваше и православната црква Св.„Кирил и Методиј” од Штутгарт. На настанот беа послужени македонски специјалитети. На настанот свое учество зема и наставничката по македонски јазик, Катица Мицева. Агенцијата за иселеништво даде своја поддршка, со цел промоција на нашата историја, традиција, култура и јазик.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

BRAVO 👏

👍 Bravo 👏

Bravo 👏

Bravo

SUPER BRAVOS za Crkvenskata slava🍰☕♥️♥️

Bravos samo taka inatamu

Bravo MK slozni i so rabota ste pojaki👏👏

Marika Davidovska

+ Види повеќе коментари

На 3 јуни во просториите на Друштво на писатели се одржа претставување на книгата „Сеќавања и после нив“ од Јудита Реј Худечек, претставник на Хрватско-македонското друштво и член на ансамблот Еерки 7/8 од Загреб, Република Хрватска. Книгата раскази од Јудита Реј Худечек „Сеќавања и после нив“ е продолжение на книгата „Сеќавања на Македонија“ која го маѓепса секој читател со својата едноставна наративна природа и човечка топлина. Личните сеќавања на авторот од прекрасната младост помината во Македонија, претопени во првата книга, инспирираше нови средби, ситуации, искуства и димензии на убавината на човечките и културните врски. Настанот беше подржан од од ХРВАТСКО-МАКЕДОНСКО ДРУШТВО ЗАГРЕБ и Претставници на македонското национално малцинство при Загребската Жупанија. За книгата зборуваа: Проф.Д-р Рубин Земон Весна Матијашевиќ Покупец Д-р Славчо Ковилоски Проф Еленица Илиевска Јудита Реј Худечек, автор. Настанот беше во организација на Агенцијата за иселеништво.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Нови членови во здружението „Вардар“ од Ниш
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

Samo Nislii li primaye vo udruzenieto.Fala i pozz do novite i starite vasi clenovi.

Агенцијата за иселеништво ја посети д-р Јанко Гогушев, специјалист интернист од Париз. На средбата се разговараше за проширување на соработката помеѓу лекарите од нашата Република и лекарите иселеници од земјава. Беше предложено Агенцијата да започне комуникација со Министерството за здравство, со што би ја поддржало иницијативата на д-р Гогушев.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Никола Шалваринов се сретна со заменик градоначалникот на Ѓаково во Република Хрватска, г-дин Роберт Францен. На средбата директорот Шалваринов на заменикот градоначалник Францен, му се заблагодари за целокупната дадена поддршка од страна на општината Ѓаково кон сите македонци кои живеат и работат во оваа општина. На средбата директорот и заменикот градоначалник, разговараа за идната соработка помеѓу Агенцијата и општината, се цел заедничка поддршка на сите иселеници од земјата во Република Хрватска, како и промоција на македонската историја, традиција култура и јазик.

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов заедно со Амбсадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска , Назиф Џафери, положија свежо цвеќе на споменикот на бискупот Јосип Јурај Штросмаер. Во своето работење бискуп Штросмаер дава поддршка за издавањето на капиталното дело Зборникот на браќата Миладиновци. Секоја година во Ѓаково се организираат Денови на Штросмаер, каде што еден дел се посветени на дејноста и делото на браќата Миладиновци.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

За време на работната посета на Република Хрватска од страна на директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Никола Шалваринов, беа посетени и учениците во Основното училиште Вијенац во Осиек и Првата Гимназија во Осиек, каде што се изучува македонскиот јазик како втор изборен јазик.
На средбата директорот се сретна со учениците и наставничката по македонски јазик, Маја Јовановски, при што беа подарени голем број на книги на македонски јазик, со цел учениците од овие две училишта го прошират своето знаење.
Директорот Шалваринов се заблагодари за приемот и посочи дека и во иднина Агенцијата за иселеништво е отворена за соработка.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

Bravo maje ama bez sofi ne moze

Ubavo se nadevame deka decata konačno ke ja posetatMakedonija kako im se nagovestilo

Festa delle fragole (Празник на јагодите), која се одржува на големиот плоштад во Локарно.
На оваа манифестација учествуваат поголем број на учесници од разни држави. Посетеноста беше голема. Присутните со внимание ја проследија програмата. Претседателот на оваа манифестација проф. Силвио Руска посебно со пофални зборови за целосната организација и спремност на учениците, воедно упати благодарност за поддршка на наставничката по македонски јазик, Ана Тимовска Митрева.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

„22. Денови на браќата Миладиновци“ во Осиек и Ѓаково - 23.05 - 01.06.2019.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Претставници од Здружението на Македонци во Белград Македониум, положија цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во Белград.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Претставници од Здружението на Македонци во Белград Македониум, положија цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во Белград. 
#ЕвропаImage attachmentImage attachment

27.05.19 - 15:47

Aгенција за иселеништво

#Европа28. Dane makedonske kulture u Splitu
Dane sv. Kiril i Metodij, 24.05.2019 GKM Split
... Види повеќеВиди помалку

24 мај 2019
Ден на основно училиште „Моша Пијаде“ - Гудурица
Во програмата учествуваа и ученици кои учат македонски јазик со елементи на национална култура.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Во просториите на Агенцијата за иселеништво, директорот Никола Шалваринов оствари работна средба со претставници на делагицијата од Друштвото на Македонци во Романија. На средбата присуствуваа Маријана Венера Попеску, пратеничка на македонската заедница во парламентот во Романија, Лаура Рогобете, претседател на Друштвото на Македонци во Романија, како и останати членови на друштвото. На средбата пратеничата Венера Попеску ги пренесе своите досегашни искуства како пратеник на македонската заедница во парламентот во Романија, како и реализираните активностите со Друштвото на Македонци во Романија. Г-ѓа Лаура Рогобете од името на останатите претставници на Друштвото, упати благодарност до г-дин Шалваринов за несебичната поддршка од страна на Агенцијата во процесот на промоција на македонската историја, култура и јазик во Романија. Директорот Никола Шалваринов се заблагодари за посетата и потенцираше дека во иднина Агенцијата за иселеништво е отворена за соработка со сите поединци и иселенички организациии кои се залагаат за промоција на македонската историја, култура, јазик. Во моментов во Романија четириесет деца го изучуваат македонскиот јазик.

Види повеќе