Огласи и повици

Интерен оглас:

Број 01/2019 Агенција за иселеништво на Република Македонија за унапредување на административни службеници ќе биде објавен на интернет страницата на Агенција за администрација на ден 10.06.2019 (понеделник) во 10:00 часот.

Види повеќе

ЈАВЕН ПОВИК за пријава и увид во Избирачки список за гласање во странство за изборите за претседател на Република Македонија , 21 април 2019 година

Види повеќе

Претседателски избори 2019- Образец број 30

Види повеќе

Вести

#СоопштенијаImage attachment

11.09.19 - 16:18

Aгенција за иселеништво

#СоопштенијаНа 15 ти Септември организираме Пикник.
Денот ке биде исполнет со многу забава и спортски активности за сите возрасти.
1. Влечење на јаже.
2. Скок во далечина.
3. Фрлање ѓуле.
4. Карти.♣️♦️♥️♠️
5. Трчање во вреќи.
Се на се ке биде супер забавен и целосно исполнет фамилијарен ден...
‼️‼️‼️НАПОМЕНА‼️‼️‼️
Ќе следува бесплатен Гулаш за секој присутен...
Повелете ве очекуваме.
Поздрав и Добар Викенд..
... Види повеќеВиди помалку

#Соопштенија

Не постои поголема среќа и чувство на исполнетост од чувството кога некому ќе му помогнеш, а со тоа ќе ги направиш среќни него и неговото семејство. Интервју со доктор Емилија Костадинивиќ Антанасијевиќ, специјалист по интерна медицина и основач на Поликлиника Антамедика во Република Србија.
Откријте повеќе: www.minisel.gov.mk/featured_item/emilija-kostadinivik-antanasijevik/
... Види повеќеВиди помалку

Не постои поголема среќа и чувство на исполнетост од чувството кога некому ќе му помогнеш, а со тоа ќе ги направиш среќни него и неговото семејство. Интервју со доктор  Емилија Костадинивиќ Антанасијевиќ, специјалист по интерна медицина и основач на Поликлиника Антамедика  во Република Србија.
Откријте повеќе: https://www.minisel.gov.mk/featured_item/emilija-kostadinivik-antanasijevik/

Коментирај на Facebook

Др Емилија, со сето тоа што е (со знаењето кое го носи во себе и добрината што ја шири околу себе), е вистински амбасадор на нашата земја. Таков... каков што треба да биде секој од нас. Вистински избор за интервју!

Честит ден на независноста!
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Честит ден на независноста!
#Соопштенија

Коментирај на Facebook

Za mnogu godini Makedonijo!💖

За многу години .

Za mnogu godini Makedonijo!

Независноста на Република МАКЕДОНИЈА !!!!

Da e vecna MAKEDONIJA.....

+ Види повеќе коментари

ИЗЛОЖБА НА МУЛТИКУЛТУРНА ГРУПА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ во ОТАВА, КАНАДА

На 10 ти септември 2019 г. со почеток во 12:00 ч. во просториите на Амбасадата на Република Северна Македонија во Отава, Канада, ќе се отвори изложбата на мултикултурна група уметници, во организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.
Овој културен настан е со поддршка на Град Скопје, Министерство за култура на РС Македонија, Министерство за надворешни работи на РС Македонија и Амбасадата на РС Македонија во Отава-Канада.
На ова претставување се вклучени бројни уметници поголем дел се магистри по уметност, но има и неколку доктори на науки од областа на визуелните уметности, професори, декани на повеќе универзитети, членови на Друштвото на ликовните уметници на РС Македонија, на Здружението Арт Визион и на други Здруженија. Голем број од уметниците се учесници на бројни симпозиуми, ликовни работилници, ликовни колонии во земјата и надвор, добитници на стипендии и специјализации и на престижни Универзитети, со престој и резидент студии во атељеата во Париз, Њу Јорк и во други метрополи ширум светот. Голем дел од нив се и наградувани со бројни награди и признанија од национален и интернационален карактер во земјата и надвор, а некои се веќе застепи и во повеќе колекции ширум светот. Со особена почит

Учесници:
м-р Агрон Абдули, м-р Весна Радишиќ Ацковска, Сашо Ацковски, м-р Бурхан Амети, Љубе Алексовски, Зулејха Али, Драган Биков, м-р Сашо Блажевски, м-р Трајче Блажески, м-р Борјана Божиновска, м-р Емилија Божиновска, м-р Влахо Бранѓолица, Стефан Димовски, м-р Жаклина Глигориевска Кочоска, м-р Валентина Илијевска, м-р Јана Јакимовска, м-р Симона Јакимовска, Стефан Јакимовски, м-р Зоран Јакимовски, м-р Петра Јовановска,Илија Кафкалески, м-р Маја Кировска, Симонида Филипова Китановска,Сарита Конеска, Росица Лазевска, Златко Лечковски, Игор Љубовчевски, Мирослав Масин, д-р Јана Манева Чуповска, м-р Мехмети Шќипе, Снежана Мелник, м-р Наташа Милованчев, Дубравко Наумов, Касиопеја Наумовска, Верина Николова Суваж, Олга Панкина, м-р Евгениј Пантев, м-р Маријана Петкова Шијаковска, Ицко Петрески, м-р Александра Петрушевска, м-р Наталија Пулејкова Радеска, м-р Исмет Рамиќевиќ, Игор Спировски, Мира Спировска, м-р Жанета Радевска Спировска, м-р Марија Рашковиќ, д-р Маја Рауник Кирков, д-р Дита Старова Керими,м-р Марија Светиева, Ангелца Стоиљковиќ, м-р Маја Танева, м-р Тања Таневска, Александар Ацо Таневски, Емилија и д-р Стојче Тоциновски, м-р Тони Шулајковски, Предраг Урошевиќ, Гордана Винчиќ, Лидија Вујисиќ, м-р Мирко Вујисиќ.

Националната одбојкарска федерација за прв пат во својата историја се пласираше на Европско првенство во одбојка (12-29 септември) во групата Ц каде натпреварите ќе се играат во Љубљана, Словенија (eurovolley.cev.eu/en/men/).
Да дадеме сите заедно максимална поддршка на нашата Национална одбојкарска федерација. За таа цел во продолжение распоредот на натпреварите кои ќе се играат во Љубљана (Stozice Arena):
‪#Соопштенија‬
... Види повеќеВиди помалку

Националната одбојкарска федерација за прв пат во својата историја се пласираше на Европско првенство во одбојка (12-29 септември) во групата Ц каде натпреварите ќе се играат во Љубљана, Словенија (https://eurovolley.cev.eu/en/men/).
Да дадеме сите заедно максимална поддршка на нашата Национална одбојкарска федерација. За таа цел во продолжение распоредот на натпреварите кои ќе се играат во Љубљана (Stozice Arena):
‪#Соопштенија‬

ЕТНО ФЕСТИВАЛ #ЗЛАТНАЈЕСЕН #ГУДУРИЦА, 31 Август 2019.
Штанд " Здружение на Македонците од град Вршац"
#ЈАЧУВАМЕТРАДИЦИЈАТА
#МАКЕДОНСКИФОЛКЛОР
... Види повеќеВиди помалку

Среќен и успешен почеток на учениците кои ја посетуваат дополнителната настава на македонски јазик во Берлин!
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Директорот на Агенцијата за иселеништво денес го посети Кампот за македонски јазик, култура, традиции и фолклор, во организација на Друштвото на македонците од Романија, во Хотелот Холидеј Ин Скопје.
75 претставници од Друштвото на македонци во Романија, од најразлична возраст, ќе го посетуваат Кампот кој започна на 29 август и ќе трае до 4 септември, во Скопје и Маврово.
Покрај наставата по македонски јазик, групата ќе ги посети културно-историските знаменитости на државата, музеи и природните убавини.
Директорот ја поздрави заложбата на организаторот што традиционално по XI пат се одржува ваков Камп, подржан од Романските власти и се заблагодари на г-ѓа Мариана Венера Попеску, претставник во романскиот парламент, за интензивната взаемна соработка.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Подготвени за успешен почеток на дополнителната настава на македонски јазик во Република Словенија. Среќна и успешна новата учебна 2019/2020 година.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Подготвени за успешен почеток на дополнителната настава на македонски јазик во Република Словенија. Среќна и успешна новата учебна 2019/2020 година.
#ЕвропаImage attachmentImage attachment

Коментирај на Facebook

СРЕЌНА И УСПЕШНА ГОДИНА 📚🎉💼😘🎉

Za merak

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, денеска во неговиот кабинет, имаше средба со Мартин Николовски - претседател на Здружението за меѓународна младинска соработка-ИНТЕРАКТИВ-Битола, а воедно и студент на Факултетот за новинарство во Анкара. Г-дин Николовски го запозна директорот, за работењето на здружението, како и за досегашните активности. Воедно на состанокот се разговараше за проширување на соработката со македонската дијаспора од Република Турција.

27.08.19 - 14:20

Aгенција за иселеништво

#ЕвропаГолемата прослава по повод 20 годишниот јубилеј на македонското културно друштво „Охридски бисери„ ќе биде одржана на 28 септември 2019. Очекувајте интересни гости и содржини. ... Види повеќеВиди помалку

#Европа

Г-динот Шабан Рустемовски од село Требиште, Маврово/Ростуше, кој повеќе од 25 години живее и работи во Италија, на специјализираната болница за белодробни заболувања во Лешок и донираше колектор за прочистување на отпадни води. Во придружба со директорот на Агенцијата за одземен имот, г-дин Фатон Асани и министерот за здравство Венко Филипче, г-дин Шабан Рустемовски беше во посета на болницата. На средбата се заблагодари за приемот и посочи дека оваа донација ќе е од корист на болницата.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

Bravo,za blagorodnata dusa i bogocoveckoto srce!!!❤️👏

Во период од 21.08.2019 година до 25.08.2019 година на плоштадот на средновековната тврдина Сигишоара во Република Романија, се одржува 17-то издание на културната манифестација „Проетника-Интеркултурен фестивал Сигишоара”, настан на кој ќе земат учество над 50 ансамбли на национални малцинства од Република Романија и ќе се претстават со традиционални ора и песни. Воедно на овој фестивал своја презентација имаше и Друштвото на Македонците во Република Романија, друштвото ги презентираше македонските традиционални ора и песни. Во продолжение дел од атмосферата од настанот.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

👏👏👏👏👏👏👏👏👏👏🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Добитник на наградата „Стојан Христов”, награда за најдобра поезија од дијаспората на Струшките вечери на поезијата за 2019 година е Сузана Ѓорушевка, иселеник од Гетеборг, Шведска, за нејзината книга „Гребнатини на душата". Таа е родена во Скопје 1963 година, а со пишување се занимава од нејзиното најрано детство.
Пишува пoезија и проза, на македонски и шведски јазик. Се занимава со ликовна уметност, изработува модерни слики и икони.
Има објавено три книги: „Вистина на сеќавањето и иднината”, „Пред вратата на сонот” и „Лажната сенка на тагата”, воедно е учесник и во книгата со Групна автори, „Симфонија на срцето 2” и „Симфонија на срцето 3”. Сузана Ѓорушевска е член на поетското друштво „Дениција” во Гетеборг, Шведска.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Добитник на наградата „Стојан Христов”, награда за најдобра поезија од дијаспората на Струшките вечери на поезијата за 2019 година е Сузана Ѓорушевка, иселеник од Гетеборг, Шведска, за нејзината книга „Гребнатини на душата. Таа е родена во Скопје 1963 година, а со пишување се занимава од нејзиното најрано детство. 
Пишува пoезија и проза, на македонски и шведски јазик. Се занимава со ликовна уметност, изработува модерни слики и икони. 
Има објавено три книги: „Вистина на сеќавањето и иднината”, „Пред вратата на сонот” и „Лажната сенка на тагата”, воедно е учесник и во книгата со Групна автори,  „Симфонија на срцето 2” и „Симфонија на срцето 3”. Сузана Ѓорушевска е член на поетското друштво „Дениција” во Гетеборг, Шведска.
#СоопштенијаImage attachmentImage attachment

Коментирај на Facebook

Честитки за Сузана 💗

Vi cestitam Suzana,i Vi posakuvam i ponatamu blagorodno tvorestvo,izborot na pesnata koja ja procita Igor Krajchev ja razlista celata kniga i gi oboi site polinja vo Makedonija i niz svetot.Bravoooo ❤️👏❤️

Najiskreni cestitki Suzana Suzi Kristina Gjorusevska i novi uspesi vo ponatamosniot zivot❤️🍀💖

Cestitki.

#Европа

21.08.19 - 16:28

Aгенција за иселеништво

#СоопштенијаIzvestuvanje!
Site ucenici koi posetuvaa nastava po majcin jazik izminatata skolska godina prodolzuvaat i ovaa ucebna godina avtomatski.
Site ucenici koi od razlicni pricini ne sledea nastava po majcin jazik treba odnovo da se prijavat vo svoite ucilista.
Za da imame uspesen start na novata ucebna godina i dobra raspredelba na sto poveke grupi, storete go toa vo najbrzo vreme.
Sreken pocetok!😀🇲🇰🇸🇪
... Види повеќеВиди помалку

#Соопштенија

21.08.19 - 16:26

Aгенција за иселеништво

*** FOUNDERS CUP 2019 CHAMPIONS ***

🏆🏆🏆🏆🏆

FK VARDAR - WHAM FC 2:1
... Види повеќеВиди помалку

Денеска во просторите на Агенцијата, на директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Никола Шалваринов од престаникот на КУД “ Дуфла”-Рашче, г. Реџеп Хаџиу и беше доделена Благодарница за дадениот придонес и подршка на празник на иселениците во с. Рашче. Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Никола Шалваринов им се заблагодари на преставникот на “Дуфла” за успешната организација на средбата со иселениците од овој крај.

Urime shef suksese edhe me shum ne te ardhmen

На 12.08.2019 година Агенцијата за иселеништво ја посети г-дин Зоран Влков, претседател на Собрание на Здружението на граѓани „Илинден“ од Тузла, Босна и Херцеговина.
Тоа беше прва посета на претставник на ова Здружение на Агенцијата. Средбата се одржа во конструктивна атмосфера и беше искажана подготвеност за понатамошна поширока соработка.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

На 12.08.2019 година Агенцијата за иселеништво ја посети г-дин Зоран Влков, претседател на Собрание на Здружението на граѓани „Илинден“ од Тузла, Босна и Херцеговина. 
Тоа беше прва посета на претставник на ова Здружение на Агенцијата. Средбата се одржа во конструктивна атмосфера и беше искажана подготвеност за понатамошна поширока соработка. 
#Соопштенија

Коментирај на Facebook

Bravo Zorane, srekna sorabotka!

14.08.19 - 10:52

Aгенција за иселеништво

По реализацијата на спортската настава на овогодинешниот Спортски камп, децата учесници од дијаспората имаа можност, да се дружат и запознаат меѓу себе преку заедничка забава, запознавајќи ја македонската култура и музика.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

Blagodarnost do agencijata za iselenistvo ,direktorot i celiot organizaciski i strucen tim za prekrasno ispolnetite denovive na nasite deca na ovaj kamp vo Struga. ...se nadevam se gledame i slednata godina

Агенцијата за иселеништво, за првпат оваа година го реализираше проектот Спортски камп, посветен на сите деца од дијаспората кои имаат за цел да се запознаат со спортските вештини поврзани со ракометот, кошарката и фудбалот. На Агенцијата за иселеништво од МКД Св. Кирил и Методиј од Трентино и беше доделена Благодарница за успешна организација на Спортскиот камп. Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Никола Шалваринов, заедно со тимот на Агенцијата, се благодарни за укажаната чест. Ваквиот чин за Агенцијата претставува мотив за реализација на голем број на идни проекти кои се во интерес на сите иселеници во дијаспората.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Агенцијата за иселеништво, за првпат оваа година го реализираше проектот Спортски камп, посветен на сите деца од дијаспората кои имаат за цел да се запознаат со спортските вештини поврзани со ракометот, кошарката и фудбалот. На Агенцијата за иселеништво од МКД Св. Кирил и Методиј од Трентино и беше доделена Благодарница за успешна организација на Спортскиот камп. Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Никола Шалваринов, заедно со тимот на Агенцијата, се благодарни за укажаната чест. Ваквиот чин за Агенцијата претставува мотив за реализација на голем број на идни проекти кои се во интерес на сите иселеници во дијаспората.
#СоопштенијаImage attachment

Коментирај на Facebook

Комплименти за беспрекорната организација од страна на Агенцијата за Иселеништво 🇲🇰

Bravooooo

Cestitki

13.08.19 - 14:00

Aгенција за иселеништво

По повод учеството на првиот Спортски камп во реализација на Агенцијата за иселеништво, децата од дијаспората кои учествуваа, добија благодарници за учество како и медали за активно учество на спортски активности.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

БРАВОС ЗА СИТЕ имајте сите радост и пак да дојдите во Македонија.Македонија ве благословува ❤️🇲🇰️❤️🇲🇰️❤️

🧚‍♀️

Ja imavme cesta sto bevme zaedno so ovie prekrasni decinja cetiri dena.Ke ni bide cest povtorno da se vidime slednata godina

❤️👏❤️🇲🇰️❤️👏❤️

+ Види повеќе коментари

13.08.19 - 13:35

Aгенција за иселеништво

Децата учесници од дијаспората на Спортскиот Камп 2019 година во Струга во организација на Агенцијата за иселеништво, имаа можност со професионални спортисти да спортуваат, практично и теоретски да се запознаат со кошарка како и да ги запознаат убавините на Струга. Во продолжение дел од атмосферата од Кампот.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Здружение на граѓаните од македонското национално малцинство за Нишавската околија „Вардар“
Ниш го обележи еден од најголемите празници на македонскиот народ, со прием за представниците на локалната самоуправа, институциите за култура, бројни соработници, сонародници и членови на здружението, со подршка на Националниот совет на македонци во Србија и на Градската општина Медијана. На приемот на присутните се обратија третиот секретар на Амбасадата во Белград, Драган Митревски и претседателот на здружението Благе Петрушевски, а беа врачени и признанија за установи и поединци кои го подржуваа здружението во досегашната работа.
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Агенцијата за иселеништво на сите верници од исламска вероисповест им го честита Курбан Бајрам, посакувајќи празничната радост да ја споделат со семејството и пријателите во мир, благосостојба и меѓусебно разбирање.

09.08.19 - 13:54

Jasminka Penov

Нешто ќе те пуштам бабо!!
Изведба на нашите играоци од Македонска Играорна - Слобода од Аделаида, Јужна Австралија! Оваа генерација на млади се 3та и 4та генерација македонци во Австралија кои си ја сакаат, ценат и продолжуваат нашата македонска традиција дури и илјадници километри оддалечени од мајката земја. Нешто за почитување и восхитување. Секоја чест на кореографот Jasmina Georgievski за нејзиниот неверојатен талент и љубов кон традицијата.

m.facebook.com/story.php?story_fbid=10215050689156016&id=1094030786&sfnsn=mo
... Види повеќеВиди помалку

#Европа

08.08.19 - 13:36

Aгенција за иселеништво

На вториот ден од Спортскиот камп учесниците имаа можност да се стекнат со теоретско знаење за ракометот и да остварат дружба со членовите на Женскиот ракометен клуб Стружанка, каде што присутните имаа можност да разговараат за ракометот и за здравиот живот. Во дискусијата децата од професионалните спортисти добија и неколку совети поврзани со ракометот. Слободното време учесниците го исполнија со спортување.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

07.08.19 - 15:44

Aгенција за иселеништво

Со утринскиот тренинг на децата учесници од дијаспората на Спортскиот Камп 2019 година во Струга во организација на Агенцијата за иселеништво, започна првиот ден од Спортскиот камп, каде што деца од неколку земји од светот ќе имаат можност да ги запознаат убавините на Струга и воедно да се запознаат со спортистите од Струга, каде што заеднички во наредните пет дена ќе имаат можност да споделат искуства и знаења за спортот и здравиот живот. На првиот ден од Спортскиот Камп децата од дијаспората имаа можност да се дружат со членовите на Женскиот фудбалски клуб Струга.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

06.08.19 - 14:16

Aгенција за иселеништво

Агенцијата за иселеништво за првпат оваа година го отвори Спортскиот камп за децата од дијаспората. На отворањето свое обраќање имаше директорот на Агенцијата, г-дин Никола Шалваринов, кој се заблагодари за учеството на децата од дијаспората на Спортскиот камп. Г-дин Шалваринов истакна дека од особено значење е реализацијата на овој настан, бидејќи преку Спортскиот камп им се овозможува на децата од дијаспората пред сѐ да другаруваат, заеднички да спортуваат и да стекнат знаења пренесени од професионални спортисти. Триесет деца од целата дијаспора во наредните пет дена ќе имаат можност да се стекнат со основните знаења за кошарката, ракометот, фудбалот, а и воедно да другаруваат и соработуваат со спортисти од Струга. Воедно Агенцијата за иселеништво им се заблагодарува на: Фудбалски клуб Караорман од Струга, Женски фудбалски клуб АС Јунајтед, Женски кошарски клуб Црни Дрим од Струга, Женски ракоментен клуб Стружанка. Посебна благодарност до Фудбалскиот клуб Струга - Трим Иљум кои ги изненадија децата со донација на спортски ранци. Агенцијата за иселеништво во наредниот период ќе ја известува јавноста за следните активности на Спортскиот Камп.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Заменик директорот на Агенцијата за иселеништво, Осман Шукриу беше гостин на традиционалната фолклорна манифестација ,,Дуфла-Празник на иселениците", во село Расче, општина Сарај. Заменикот директор Шукриу им се заблагодари на присутните за присуството и им посака добредојде на сите кои се со потекло од овој регион. На оваа манифестација присуствуваа голем број на културни уметнички друштва од земјата, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Грција. Оваа манифестација традиционално, секоја година се одржува во месец Август, со цел запознавање и одржување на контактите на иселениците со нивната матична земја. ... Види повеќеВиди помалку

Заменик директорот на Агенцијата за иселеништво, Осман Шукриу беше гостин на традиционалната фолклорна манифестација ,,Дуфла-Празник на иселениците, во село Расче, општина Сарај. Заменикот директор Шукриу им се заблагодари на присутните за присуството и им посака добредојде на сите кои се со потекло од овој регион. На оваа манифестација присуствуваа голем број на културни уметнички друштва од земјата, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Грција. Оваа манифестација традиционално, секоја година се одржува во месец Август, со цел запознавање и одржување на контактите на иселениците со нивната матична земја.Image attachment
#Соопштенија

Агенцијата за иселеништво Ви го честита 2 Август - Илинден. На сите граѓани им посакуваме овој голем ден да го поминат во мир и спокој.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Агенцијата за иселеништво Ви го честита 2 Август - Илинден. На сите граѓани им посакуваме овој голем ден да го поминат во мир и спокој.
#Соопштенија

Коментирај на Facebook

Za mnogu godini ILINDEN AMIN

Грнчарски средби - Преспа 2019
Заменик директорот на Агенцијата за иселеништво, Осман Шукриу, присуствуваше на прославата „Грнчарски средби”, која традиционално се одржува во селото Грнчари, Преспа. Заменик директорот Шукриу, кој имаше свое обраќање пред иселениците и други присутни, ја презентираше мисијата и целта на Агенцијата за иселеништво, која пред се е поттикнување и помагање на иселениците, преку негување на културата, традицијата, јазикот и врските со родното место. Овој настан традиционално се одржува за иселеници кои живеат и работат во странство. Прославата со ислениците е завршина со испеани и одиграни традиционални песни и ора од овој крај.

26.07.19 - 21:38

Aгенција за иселеништво

Децата учесници од дијаспората на Летната школа, во позитивна атмосфера, поддржани од наставниците, преку забава и интеракција, ги реализираа предвидените активности. По завршувањето на редовната настава, децата својата креативност имаа можност да ја искажат преку изработката на традиционалното големо сликарско платно, кое е препознатливо за Летната школа. По ова имаа можност да го посетат Заливот на коските во Охридското Езеро, кое археолошко наоѓалиште на праисториската наколна населба. Отткако учесниците ја завршија наставата предвидена за Летната школа 2019 година и ги посетија предвидените знаменитости во Охрид, од страна на директорот на Агенцијата г-дин Никола Шалваринов им беа врачени благодарности на сите партиципиенти во Летната школа, во знак на благодарност за учеството. Настанот беше заокружен со забава. Во продолжение дел од атмосферата. ... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

Za pozdravuvanjeeeee bravooooo

Druzenje koe se pamti.......Cestitki za organizatorite......a posebno za predsedatelot na zduzenieto. "Goce Delcev" od Vranje.....sto kako sekoja godina taka I ova godina ovozmozi so uspeh da decata ucestvuvat na nezaboravno drugarstvo. vo "Letnoto skolo".......I na kraj samo efno golemo Bravo.....😊

Letno ucilište ili ajde neka bide i letno školo a ne "letna škola" c c c

25.07.19 - 12:07

Aгенција за иселеништво

Продолжуваат активностите на децата од дијаспората на Летната школа 2019 година, во рамките на предвидената настава, во целост ја реализираат предвидената програма. Воедно слободните часови од четвртиот дена од Летната школа која се реализира во Охрид, беа посветени на изучување и посета на печатницата за рачна изработка на хартија на Гутенберг машина, процес кој беше интересен за поситителите. Домаќините пред децата имаа можност да им го претстават процесот, но и едукативно да ги информираат за значењето, историјата и причината за појавата на Гутенберг машината. Во продолжени пренесуваме дел од атмосферата.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

Prekrasno, kade e ova tocno, ima mnogu ubavi izrabotki?

Bravo preubavo i bogato ispolneto,pozdar i uste mnogu ubavi momenti vo ubavinata na Ohrid i vo toplinata na Makedonija.

Bravo za Agencijata i timot za site edukacii...

23.07.19 - 18:14

Aгенција за иселеништво

Продолжуваат активностите на децата од дијаспората на Летната школа 2019 година. Децата започнаа со реализација на официјалната програма за изучување, предвидена за Летната школа.
Преку едукативен начин и забавен пристап, децата имаа можат во изминатиот период да се стекнат со голем број на знаења предвидени во наставата, а пресени од страна на наставниците кои се задолжени за реализација програмата.
По редовната, предвидена настава, децата посетители на Летната школа 2019 година, имаа можност слободното време да го исполнат со посета на креативна работилница посветена на изработката на Охридскиот бисер, која беше организирана и реализирана со поддршка на Работилницата за изработка на Охридски бисер- Филеви.
Децата од Летната Школа имаа можност да слушнат, но и да погледнат како се изработува Охридскиот бисер и да се запознаат со дел од тајните на оваа работилница.
Покрај редовната програма, децата од дијаспората ќе имаат и слободни активности, каде што ќе можат да ги запознаат дел од убавините на Охрид, за кои подетално Агенцијата за иселеништво во наредниот период ќе ја извести јавноста.
... Види повеќеВиди помалку

22.07.19 - 13:31

Aгенција за иселеништво

Во периодот 19 - 21.07.2019 година во Конгресниот центар во Охрид се одржа Форум на наставници кои реализираат настава по македонски/албански јазик во иселеништвото. Форумот се одржа во организација на Агенцијата за иселеништво.

На овој Форум зедоа учество 12 наставници од дијаспората:
1. Ана Смилевска - Берлин (Германија)
2. Ирена Павловска - Мелбурн (Австралија)
3. Лилјана Лазарески - Панчево (Србија)
4. Снежана Алексиќ Станојловиќ - Нови Сад (Србија)
5. Бисера Филиповски - Мајнц, Франкфурт (Германија)
6. Деспина Велинска - Загреб (Хрватска)
7. Мирјана Стојчевска - Мелбурн (Австралија)
8. Ана Тимовска - Локарно (Швајцарија)
9. Невзат Ибиши - Копенхаген (Данска)
10. Сабри Ибиши - Копенхаген (Данска)
11. Фатмир Шабани - Осло (Норвешка)

Првиот работен ден наставниците имаа излагања за состојбата на наставата по мајчин јазик во дијаспората (позитивните страни, недостатоците и потешкотиите со кои се соочуваат во својата воспитно-образовна работа) во присуство на директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, раководител на одделението за култура, Дора Ангелова, претставник од Министерството за образование и наука, советници од Бирото за развој на образованието.

Вториот ден во рамките на Форумот се реализираше обука за наставниците на тема: „Планирање и реализација на наставата по мајчин јазик и културно наследство на Република Северна Македонија за образование на децата од дијаспората“
Обуката се состоеше од 3 сесии кои беа посветени на различни аспекти од активната настава со презентација на современи методи и техники како и една сесија посветена на конкретни насоки за планирањето на наставата според програмата наменета за децата од дијаспората изработена во Бирото за развој на образованието. Во сите сесии: (1. интерактивно учење, активни методи во наставата; 2. креативност во наставата и промовирање современи методи за активно учење; 3. критичко размислување во наставата како аспект на интерактивно учење; 4. препораки и насоки за реализација на Наставната програма по мајчин јазик за децата од дијаспората) учесниците преку конкретизација на методите и техниките со примери стекнуваа нови знаења кои беа во насока на проширување на нивните професионални компетенции.

Последниот ден од Форумот наставниците на средба донесоа заклучоци и предлози кои како официјален документ ќе бидат проследени до соодветни институции.
Обуката беше завршена со доделување на Сертификати од страна на Бирото за развој на образованието и Агенцијата за иселеништво.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Цветко и дружината на 5+ Фамилија во дружба со децата од Летната школа 2019 година, со својата Детективска Агенција и Детективска школа, преку едукативен и забавен начин, дружба и игра, заеднички ја отворија овогодинешната Летна Школа. Агенцијата за иселеништво ја продолжува и оваа година соработката со ОХО продукција.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

21.07.19 - 13:23

Aгенција за иселеништво

Отворена традиционалната Летна школа по мајчин јазик за децата од дијаспората, по потекло од Република Северна Македонија, во организација на Агенцијата за иселеништво.

Во наредните седум дена, 50 деца од Шведска, Германија, Австрија, Данска, Хрватска, Швајцарија и други земји ќе имаат можност заедно да учат и другаруваат и одблиску да ја запознат македонската историја, традиција, култура и јазик, пренесена од едукаторите на Летната школа.

Пред присутните се обратија директорот на Агенијата за иселеништво, г-дин Никола Шалваринов, кој се заблагодари пред присутните и посочи дека Агенцијата за иселеништво е посветена на реализацијата на проекти кои имаат за цел да ги доближат иселениците до Република Северна Македонија.

На свеченото отворање на Летната школа, свое обраќање имаше и министерот задолжен за дијаспора, г-дин Едмонд Адеми, кој посочи дека ваквите проекти треба да продолжат и во иднина, бидејќи се мост помеѓу земјата и иселениците.

Агенцијата за иселеништво и во наредниот период ќе известува за активностите посветени на иселениците.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Агенцијата за иселеништво, во Охрид, го реализираше Форумот на наставници од дијаспората. Во наредните три дена, присутните наставници ќе можат да разменат голем број на информации меѓу себе, а со тоа ќе ги информираат присутните за начинот на реализација на наставата за иселеници во земјите на нивното моментално живеење. Една од неколкуте основни цели за реализација на Форумот на наставници е подобрување на наставата во дијаспората и заедничко изнаоѓање на идеи за промоција на македонската историја, традиција, култура и јазик. Директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов им се заблагодари на присутните за учеството, истакнувајќи дека за прв пат Агенцијата реализира Форум за наставници, очекувајќи и во иднина да продолжи реализацијата на овој проек, преку кој ќе се слушнат потребите на наставниците во дијаспората.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Почитувани,

Согласно договорот склучен помеѓу Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија и Национална установа Струшки вечери на поезијата за доделување на наградата „Стојан Христов” за најдобра книга поезија на автори иселеници-поети, во рамки на манифестацијата Струшки вечери на поезијата.
За наградата Стојан Христов оваа година се пријавија 6 автори со 9 книги:

1. Наум Пауноски
- дело „Душевен времеплов“ Камбера, Австралија

2. Марија Џоџа Симон
- дело „Моите очила“ Вурзбург, Германија

3. Вера М Самарјанин
- дело „Клопче“ Локалита Церани, Италија
- дело „Инсомнија“
- дело „Покајание“

4. Љубица Поповска
- дело „Крстопати“ Мелбурн, Австралија
- дело „Исус Христос и Светиците“

5. Соња Ѓорушевска
- дело „Гребнатини на душата“ Гетеборг, Шведска

6. Гроздан Јовановски
- дело „По свет за малку среќа“ Рокдеил, Австралија

По објавување на добитникот на наградата „Стојан Христов”, од страна на жири комисијата на Струшките вечери на поезијата, информацијата ќе биде споделена до јавноста.

Заменик директорот на Агенцијата за иселеништво, Осман Шукриу, во својот кабинет оствари работна средба со потпретседателот на културното уметничкото друштво Дуфла од скопското село Рашче, Џевит Ковачи и кореографот Реџеп Хаџиу. На средбата заменик директорот Шукриу ги информираше претставниците на културното уметничко друштво Дуфла за работењето и активностите на Агенцијата, како и со досегашните и идните проекти кои се наменати за нашите иселеници во иселеништво. Потпретседателот на КУД „Дуфла" г. Ковачи посочи за постигнатите успеси на КУД „Дуфла" и воедно го поканија заменик директорот Шукриу за учество на културна манифестација посветена за иселениците, кој ќе се одржи од 2 до 4 август 2019 година во с.Рашче, Скопје. Заменик директорот Шукриу се заблагодари за посетата и посочи дека Агенцијата за иселеништво е отворена за соработка со сите културни уметнички друштва во Република Северна Македонија и во дијаспората.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Заменик директорот на Агенцијата за иселеништво, Осман Шукриу, во својот кабинет оствари работна средба со потпретседателот на културното уметничкото друштво Дуфла од скопското село Рашче, Џевит Ковачи и кореографот Реџеп Хаџиу.  На средбата заменик директорот Шукриу ги информираше претставниците на културното уметничко друштво Дуфла за работењето и активностите на Агенцијата, како и со досегашните и идните проекти кои се наменати за нашите иселеници во иселеништво. Потпретседателот на КУД „Дуфла г. Ковачи посочи за постигнатите успеси на КУД „Дуфла и воедно го поканија заменик директорот Шукриу за учество на културна манифестација посветена за иселениците, кој ќе се одржи од 2 до 4 август 2019 година во с.Рашче, Скопје. Заменик директорот Шукриу се заблагодари за посетата и посочи дека Агенцијата за иселеништво е отворена за соработка со сите културни уметнички друштва во Република Северна Македонија и во дијаспората.
#Соопштенија

08.07.19 - 12:00

Aгенција за иселеништво

Во преполната област Кушадаси, Република Турција промоција на македонската култура пред голем број на туристи од светот, КУД Јане Сандански од Неготино, со изведба на неколку македонски фолклорни песни и ора ја претстави македонската традиција и култура пред присутните. Владината делегација предводена од директорот Никола Шалваринов присуствуваше на настанот и даде своја поддршка на оваа промоција.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

Ovoj Shalvarinov,IMA NAJUBAVA FUNKCIJA !!! Majce rasplaka,cel svet go prevrte !!!

08.07.19 - 11:14

Aгенција за иселеништво

Во неколку дневната посета на Република Турција од страна на владината делегација, директорот на Агенцијата за иселеништво Никола Шалваринов оствари средба со кајмакамот на Општината Караџаси, Република Турција, г-дин Ahmet Soley. Директорот Шалваринов се заблагодари за приемот и посочи дека му претставува чест и задоволство да биде гостин во областа во која има најголем број на македонци. Кајмакамот се заблагодари за посетата. На средбата се разговараше за идната соработка и промоцијата на македонската историја, традиција, култура и јазик како знак на поддршка на сите иселеници од земјата во општината.

08.07.19 - 11:10

Aгенција за иселеништво

Владината делегација предводена од директорот на Агенцијата за иселеништво, Никола Шалваринов, за време на работната посета на Република Турција, по покана на меѓународното Здружение за култура и солидарност на иселениците од Република Северна Македонија и Румелија, беше дел од главната манифестација во Општина Ајдин, посветена на промоција на македонската историја, традиција, култура и јазик. Директорот Шалваринов ги поздрави присутните и се заблагодари на поканата и презентацијата на земјата во Република Турција, посочувајќи дека двете земји ги продолжуваат пријателските односи. Настанот беше збогатен со изведба на традиционални македонски ора и песни.

05.07.19 - 14:46

Aгенција за иселеништво

По покана на меѓународното Здружение за култура и солидарност на иселениците од Република Северна Македонија и Румелија, во Чештепе, владина делегација присуствуваше на настанот посветен на фолклорни изведби на македонски културни уметнички друштва. Во Чештепе има над 7000 македонци.
#СоопштенијаUluslararası Makedonya ve Rumeli Göçmenleri Folklor Festivali Aydın’da başladı. 3-6 Temmuz tarihleri arasında düzenlenecek olan festivalin ilk günü Efeler Çeştepe Mahallesi'nde gerçekleşti. Festivalimiz bugün Didim'de ve Söke Güllübahçe'de, Cuma günü Aydın Atatürk Kent Meydanı'nda devam edecek. Cumartesi günü ise Kuşadası’nda Tajci Markova konseri ile son bulacak. Aydın Büyükşehir Belediyesi ve Uluslararası Makedon ve Rumeli Göçmenleri Derneği işbirliğiyle düzenlenen festivalimize tüm vatandaşlarımızı bekliyoruz.
... Види повеќеВиди помалку

Коментирај на Facebook

ПОЗДРАВ,имајте радост .....

Директорот Никола Шалваринов, во местото Чештепе ги посети иселениците и иселеничките организации од општината Ајдин и околината. Настанот беше посветен на промоција на македонската култура преку фолклорни изведби на неколку фолклорни друштва.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Директорот Никола Шалваринов, во местото Чештепе ги посети иселениците и иселеничките организации од општината Ајдин и околината. Настанот беше посветен на промоција на македонската култура преку фолклорни изведби на неколку фолклорни друштва.
#СоопштенијаImage attachmentImage attachment

Коментирај на Facebook

Majce rasplaka,ovoj !!! Cel svet go pomina !!! Da ne ima Makedonci na ALJASKA !!!???

По покана на меѓународното Здружение за култура и солидарност на иселениците од Република Северна Македонија и Румелија, директорот на Агeнцијата за иселеништво, Никола Шалваринов е на работна пoсета на иселениците и иселеничките организации во Ајдин, Република Турција. Директорот и владината делегација во општината Ајдин имаа можност да се сретнат со заменик градоначалникот Мустафа Хулуси Арат. Директорот Шалваринов се заблагодари за приемот на владината делегација и воедно се заблагодари за поддршката на македонските иселеници од страна на општината Ајдин. Заменик градоначалникот г-дин Хулуси Арат се заблагодари за посетата и посочи дека општината Ајдин и Република Турција секогаш е отворена за соработка со македонските иселеници. Директорот Шалваринов на заменик градоначалник му подари Пафта, реплика на колан од народна македонска носија, како спомен на заедничката средба. Воедно пред владината делегација и заменикот градоначалник на општината Ајдин, беа изведени традиционални македонски песни од страна на КУД „Јане Сандански“ од Неготино со цел промоција на македонската традиција и култура пред присутните.
#Соопштенија
... Види повеќеВиди помалку

Директорот на Агенцијата за иселеништво, г-дин Никола Шалваринов имаше средба со Слободанка Сандева, Македонка која повеќе од 20 години живеее и работи во Прага,Чешка. Г-ѓа Сандева за време на посетата во земјата, реализираше Работилница за здрава исхрана со најмладите, на која дечињата имаа можност на забавен и едукативен начин поблиску да се запознаат со здравиот начин на исхрана. На средбата Сандева имаше можност да го запознае директорот за настанот и воедно да разговарaaт за активностите на иселениците во Прага. Директорот Шалваринов, се заблагодари за посетата и потенцираше дека и во иднина ќе се реализира соработка за заедничка промоција на земјата.

Отворање на изложба на ден 28.06.2019 во 12.00 часот на Нишавском кеју (спроти ресторан "Гусар"). Здружение На Македонците Вардар-Ниш
#Европа
... Види повеќеВиди помалку

Отворање на изложба на ден 28.06.2019 во 12.00 часот на Нишавском кеју (спроти ресторан Гусар). Здружение На Македонците Вардар-Ниш
#Европа

28.06.19 - 15:05

Aгенција за иселеништво

Уште една успешна победа на Фудбалскиот тим „Вардар” Детроит*** FOUNDERS CUP SEMIFINALS***

FK VARDAR vs LCFC 0:0, 1:1 (4:3)PK

Another great performance by our team, second game in a row playing in overtime, down 1 nothing but we find the way to win the game in PK's 4:3
FOUNDERS CUP FINALS August 18

Ushte edna odlicna prezentacija na nashiot tim, vtora utakmica po red zavrshuva so prodolzetoci i 1 gol zaostatok vo prodolzetoci, no najdovme nacin kako da stigneme do pobedata, na penali 4:3
FOUNDERS KUP FINALE Avgust 18
... Види повеќеВиди помалку

Уште една успешна победа на Фудбалскиот тим „Вардар” ДетроитImage attachment
Види повеќе